Видео од времето кога ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за решение прифатливо за мнозинството граѓани

И ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за решение прифатливо за мнозинството граѓани. Но, зошто ВМРО-ДПМНЕ сега не ги повика граѓаните на референдум, на кој инсистираше повеќе од една деценија?

Advertisements

Ангела Меркел или Владимир Путин секоја недела можете да ги видите во видеото на ДВ – „Заповедник“- како анимирани ликови

Ангела Меркел или Владимир Путин секоја недела можете да ги видите во видеото на ДВ – „Заповедник“- како анимирани ликови кои критички се однесуваат кон актуелните теми на светската политика. Водеото се продуцира во соработка со израелскиот ТВ-партнер Channel 9 од 2017. година со помош на најнова 3D технологија.

Нетанјаху им порача на Иранците: Штом го запревте Роналдо, можете да ја соборите и владата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави видео во кое ги повикува Иранците да ја соборат владата во својата земја.

Нетанјаху им порачува на Иранците дека можат да ја соборат владата, зошто целиот свет видел како нивните фудбалски репрезентативци успеале да го запрат Роналдо. Нетанјаху се обрати и кон иранската опозиција и рече истата да побара инспирација во настапот на националниот тим против Кристијано Роналдо и да се охрабрат за да и се спротивстават на актуелната влада.

Вонредни избори во Турција | Дали Мухарем Инче ќе го спречи Ердоган да победи

Во Турција денеска се одржуваат вонредни претседателски и парламентарни избори, на кои право на глас имаат 56 милиони регистрирани гласачи.

Ова ќе бидат први избори одржани во вонредна состојба, која е воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, и откако на 16 јули лани, на референдум беше изгласано воведување претседателски систем во земјата.

Кандидатот на најсилната опозициска Народна републиканска партија, Инче е најгласниот опонент на Ердоган.