Антонија уште еднаш воодушеви во „Ѕвездичките на Пинк“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на популарната музичка емисија „Ѕвездичките на Пинк“, во чии рамки се натпреваруваат најдобрите натпреварувачи од изминатите сезони. Младата пејачка, која годинава реди само успеси, во новата епизода посветена на мјузиклите настапи со евергринот „I Will Survive“, повторно добивајќи само позитивни критики од жирито.

Advertisements

Калиопи доби „Пресуда“

По кусата пауза од музичката сцена, Калиопи конечно има нова песна. Станува збор за уште една емотивна балада насловена „Пресуда“, која повторно произлезе како резултат од долгогодишната соработка со нејзиниот некогашен сопруг Ромео Грил. Тој се потпишува како комплетен автор и продуцент на оваа песна, чие снимање се одвивало во студијата „ГМП“ во Базел (Швајцарија) и „Морис“ во Загреб, додека сниматели биле Дон Карло Џовани и Филип Видовиќ, кој стои и зад миксот и мастерингот.

Повеќе…

Пејачот Дамјан Димевски го фрапираше жирито на Zvezde Granda

16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје му остави одличен впечаток на жирито на Ѕвезде Гранда. Тој од свои 14 години настапува на сцените на Гранд, каде минатата година дојде до финале. Оваа година се натпреварува со возрасните каде треба да се покаже исклучително знаење во пеењето како и перформансот.

Јелена Карлеуша во текот на настапот на неколку пати го пофали пеењето и изгледот, Марија Шерифовиќ остана без зборови, а Саша Поповиќ и самиот нагласи дека е прв кандидат кој ја оставил без зборови.

Погледнете ги и реакциите на жирито

Адам Лабунски после неколку сезони во „Пинкови ѕвезди“ си ја проба среќата во “Ѕвездите На Гранд”

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Каква моќна интерпретација… Струмичанката Ленче Кукиќ растури во „Никад није касно“

И Ленче Кукиќ во музичкото шоу на Гранд ТВ „Никад није касно“, ќе се натпреварува во третата сезона, откако нејзиниот сопруг Горан победи во првата сезона 2016/2017-та.

Таа го помина првиот круг со моќната интерпретација на македонската народна песна „Катерино моме“, со која ги воодушеви и жирито и публиката.

Untitled.png

Мартија продолжува да реди хитови со „Next To Me“

Tалентираната кумановка Мартија Станојковиќ продолжува да реди хитови во својата кариера, а следен во низата е штотуку објавениот сингл насловен „Next To Me“. Станува збор за песна отпеана на англиски јазик, чии автори се Џеф Герити, Џош Глејзер, Алија Џејд и Ерл Коен, во чие студио се снимаше, продуцираше и миксаше самата песна.