Скопјанецот Филип Пецовски расури во Zvezde Granda, го враќаа и на бис

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“. Неговиот настап погледнете го на 1:06

Advertisements

Светско а наше | Викторија Лоба, Марга Сол и Дарлс Флоу се „Над небото“

„Feel It“ за англиската, а „Над небото“ за македонската верзија е насловот на новата соработка на Викторија Лоба со продуцентите Марга Сол и Дарко Цветкоски или Дарлс Флоу, кои се потпишуваат како автори на оваа дип-хаус тема, а освен што пее, Лоба се погрижи и за стиховите на македонски јазик. Сето тоа визуелно го дополни Дарко Митев, снимајќи на идличниот грчки остров Санторини.

Victoria Loba ft. Marga Sol, Darles Flow – NAD NEBOTO (Official Video)

Гавазова започна да ја освојува Србија со „Хало“

Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова неодамна ги соопшти своите планови за освојување на српскиот пазар, а сега конечно ја имаме и нејзината прва песна на српски јазик насловена „Хало“. Сакајќи успехот да биде загарантиран, пејачката ги здружи силите со едни од најпознатите српски автори, па така стиховите на „Хало“ се дело на хитмејкерот Драган Брајовиќ Браја, а музиката и аранжманот ги потпишува Динајл Екс.

One Republic сними своја верзија на евергринот „White Christmas“

Популарниот американски поп-рок бенд „Уан репаблик“, кој пред три години го имаше својот прв спектакуларен концерт во Скопје, неодамна ја претстави својата верзија на познатиот празничен евергрин „White Christmas“. Песната е снимена за новата реклама на автомобилската компанија „џип“, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение.

Антонија уште еднаш воодушеви во „Ѕвездичките на Пинк“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на популарната музичка емисија „Ѕвездичките на Пинк“, во чии рамки се натпреваруваат најдобрите натпреварувачи од изминатите сезони. Младата пејачка, која годинава реди само успеси, во новата епизода посветена на мјузиклите настапи со евергринот „I Will Survive“, повторно добивајќи само позитивни критики од жирито.

Калиопи доби „Пресуда“

По кусата пауза од музичката сцена, Калиопи конечно има нова песна. Станува збор за уште една емотивна балада насловена „Пресуда“, која повторно произлезе како резултат од долгогодишната соработка со нејзиниот некогашен сопруг Ромео Грил. Тој се потпишува како комплетен автор и продуцент на оваа песна, чие снимање се одвивало во студијата „ГМП“ во Базел (Швајцарија) и „Морис“ во Загреб, додека сниматели биле Дон Карло Џовани и Филип Видовиќ, кој стои и зад миксот и мастерингот.

Повеќе…