Величествена победа на Хрватска, Аргентина декласирана со 3-0

Во ситуација кога на Меси и Аргентина им гореше под нозе, Хрватите ги понижија со 3:0 и се пласираа во осминафиналето.

Во дербито на 2. коло на Светското првенство Хрватска ја оствари можеби најневеројатната победа во својата историја откако ја совлада Аргентина.

Мечот започна со одмерување на силите на двете страни. Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли ги промеша картите па на клупа ги остави Ди Марија, Игуаин и Пауло Дибала со Меси и Павон во офанзивата.

Хрватите започнаа компактно, сигурно во одбраната и се закануваа преку фантастично организирани напади. Првиот дел заврши без голови а права голеада „Коцкастите“ направија во второ полувреме.

Argentina v Croatia – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 23

Untitled

Advertisements

Мбапе испиша историја, Франција го совлада Перу со 1-0

Франција е најновата селекција што обезбеди пласман во осминафиналето од СП 2018 откако „триколорите“ денеска стигнаа до нова минимална победа, овојпат од 1-0 против селекцијата на Перу. Килијан Мбапе беше човекот на одлука, постигнувајќи го победничкиот погодок за испишување на историја, како најмлад стрелец (19 години и шест месеци) за „триколорите“ на големите натпреварувања.

France v Peru – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 21

Untitled

СП 2018: Данска и Австралија ремизираа во Самара

Данска и Австралија одиграа со 1-1 во својот натпревар во вториот круг од групната фаза на Светското првенство во 2018.

Дуелот во Самара понуди убав фудбал, во кој првото полувреме беше изедначено, а второто помина под диктатот на „кенгурите“ на Берт ван Марвијк.

Кристијан Ериксен го отвори резултатот со многу убав гол во осмата минута, додека Миле Једињак израмни од пенал во 37-та минута.

Denmark v Australia – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 22

Untitled

Шпанија се мачеше со Иран…, еден гол на Диего Коста доволен за триумф!

„Црвената фурија“ се мачеше, имаше на моменти и доволно среќа, за да на крајот ја запише првата победа на Светското првенство 2018 во Русија против Иран од 1-0.

Доволен за Шпанците да дојдат до посакуваните три бода беше погодокот на Диего Коста во 54. минута од средбата…

IR Iran 0 v 1 Spain – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 20

Untitled

Роналдо испиша историја – Урна рекорд стар повеќе од 60 години (Португалија 1-0 Мароко)

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го урна славниот рекорд на Ференц Пушкаш и стана најдобриот европски стрелец во историјата на фудбалот.

По хет-трикот за реми против Шпанија (3:3), ја затресе мрежата и на Мароканците за рекордни 85 погодоци, бројка која ниту еден фудбалер ја нема постигнато носејќи го репрезентативниот дрес. Досега рекордот го држеше Пушкаш со 84 погодоци за Унгарија во периодот од 1945-1954.

Роналдо засега е и прв стрелец на Мундијалот во Русија со четири погодоци. До крајот на кариерата ќе ја напаѓа борјката од 100 погодоци во националниот дрес на Португалија.

Portugal 1 v 0 Morocco – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 19

Untitled

Јапонија – Колумбија 2-1 | Прва победа на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати

Јапонија го стартуваше настапот на СП 2018 со голема победа над Колумбија, совладувајќи го незгодниот противник со 2-1. „Самураите“ им се одмаздија на Колумбијците за поразот од 1-4 во групната фаза од претходниот мундијал, максимално користејќи ја предноста од фудбалер повеќе по раниот црвен картон што го добија противниците. Ова воедно беше и историска победа, прва на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати.

Untitled.png