Category Archives: Спорт

Откакако настрада со удар во глава, новинарот сега ја научи лекцијата и стави кацига :D

Advertisements

На денешен ден пред 16 години – „Кометал шампионе“ остана еден единствен и недостижен!

Кометал Ѓорче Петров останува посебен и единствен во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, 19 мај 2002 година екипата која израсна во скопското предградие, на Македонија и ја донесе првата европска титула и најголемата спортска радост.

И 16 години подоцна Македонија со носталгија се присетува на „Кометал шампионе“, на победите и на единствените моменти во „Кале“, на неизмерната радост што ја обедини цела Македонија.

Новиот спот за “Equal Game”, со малиот Јане Велковски во главна улога

Јане Велковски беше специјален гостин на финалето од Лигата на Европа во Лион, каде денеска беше промовиран и новиот спот од кампањата “Equal Game”, за залагањата на УЕФА фудбалската игра да биде достапна за сите

What do you ❤️ about football? #EqualGame #UELfinal

A post shared by UEFA (@uefa_official) on

Плишкова загуби и му ја искрши столицата на судијата

Чешката тенисерка, Каролина Плишкова, беше видно оштетена пред крајот на мечот против Марија Сакари, а по завршувањето на дуелот таа удри со рекетот и ја оштети столицата на главниот судија.

Плишкова сервираше при резултат 5-5 (40-40) и имаше поен во свои раце смечувајќи точно на линијата. Но, тогаше доаѓа до проблеми бидејќи главниот судија на мечот пресуди дека топчето било во аут.

Вардарки потонаа во тага, историјата се повтори во финалето во Будимпешта

Како и минатата година, вардарки имаа напад за победа во регуларниот тек и пак беа брзоплети и не упатија удар кон унгарскиот гол. Во продолженијата од финалето на Лигата на шампионите беа надиграни од Ѓер, а кога им се укажа шанса за реми и седмерци, Киш се испречи и одбрани зицер. Тагата загосподари меѓу ракометарките на Дибирова и потиштени низ солзи и болни гримаси ја напуштија „Ласло Пап Арена“ за да се подготват за церемонијата на прогласување на најдобрите

« Older Entries