Шилегов ги искара комуналците поради неисчистена шахта

Advertisements

Шилегов собира ѓубре со раце, новинарот Фуркан Салиу го зафркава

“Ако ништо повеќе, Шилегов има најдобар сенс за хумор” напиша Салиу на неговата објава на видеото

Заев – “Груевски доаѓа од ДА, Мицкоски од Социјалистичка партија, а Силјановска била во владата на СДСМ”

Заев – “Груевски доаѓа од ДА, Мицкоски од Социјалистичка партија, а Силјановска била во владата на СДСМ.
„Само власт ги интересира. Ништо друго. Спремни се и државата да ја пуштат низ вода, само да се вратат на власт. Ама, мало сутра!“

Вељановски на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Помалку од половина час траеше распитот на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

СКАНДАЛОЗНО | Дали Силјановска призна дека не ја сакала Македонија пред да јa запознае во политичка кампања

1. Јас не сум си го познавала народот одблизу…
2. Јас не сум си ја познавала Македонија одблизу…
3. Ако не знаете нешто не можете да го сакате.
Дали Гордана Силјановска Давкова призна дека не ги сакала ниту Македонија, ниту народот, пред да ги запознае во политичка кампања?

Јункер ќе ѝ ја запалеше косата на првата дама на Руанда

Првиот човек на Европската комисија Жан Пол Јункер, за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда пред 25 години, во кој беа убиени повеќе од 800.000 илјади луѓе, за малку ќе ѝ ја запалеше косата на сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…

ХИТ ВИДЕО: “Ќе гласаме за Гордана за да продлжи да живее Македонија”

Хит на социјалните мрежи е видеото од кампањата на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска на која неколку жени се снимени како креваат плакат од неа и викаат “Ќе гласам за Гордана затоа што е праведна. Ќе гласаме за Гордана за да продлжи да живее Македонија”.

Американскиот Сенат со аплауз за членството на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев вечерва објави видео во кое американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздравува министерот за надворешни работи, Никола Димитров и му посакува добредојде во НАТО.

Во вториот дел од видеото Јенс Столтенберг се обраќа пред американскиот Сенат и зборува дека годинава Северна Македонија го потпишала протоколот за членство во НАТО, на што доби аплауз од Сенатот. Потоа Столтенберг вели дека со помош на Сенатот Македонија ќе стане 30тата членка на НАТО.

Грчкиот, Македонскиот и уште четири други воени оркестри ја свиреа химната на Македонија

Воените оркестри на Армиите на Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО, по повод одбележувањето на 70-годишнината на Алијансата.

Силјановска повторно направи утка: Го згреши потеклото на свекрвата

Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат, на вчерашниот митинг во Кочани повторно направи утка и ги насмеа присутните на собирот.

Почитувани кочанчани, почитувана фамилија Јовановски, мојата свекрва е од Кичево, Јованова. Леле, извинете, од Кочани – рече Силјановска.

Владо Јаневски, Дани, Дарио, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Бени, Златко Ориѓански, Ѓоко Танески… пееја за Стево

Владо Јаневски, Дани, Дарио, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Бени, Златко Ориѓански, Ѓоко Танески… пееја за Стево

Заеви со Ципрас и неговата партнерка вечерале во Камник

Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас и неговата партнерка Бети Базиана, за време на престојот во Скопје по завршувањето на набиената дневна агенда, заминале на вечера во винарница Камник, објавија грчките медиуми.

Силјановска Неготинчани ги нарече Кавадарчани

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го почна денешниот митинг во Неготино со зборовите:

– Колку инспиративна атмосфера, драги кавадарчани!

Откако до неа допре негодувањето на присутните, Силјановска срамежливо насмеана рече:

– Длабоко ви се извинувам, најпочитувани неготинчани!

Скандалозен спот на УМС на ВМРО ДПМНЕ во кој на Пендаровски му порачуваат дека народот не е стока

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ објави невкусен спот со кој сакаат на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски, да му порачаат дека народот не е стока.

Во спотот се злоупотребуваат и малтретираат животни.

На митингот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид попушти бината

,,Вие сега стоите на земјата на која стоеле светите ,,Кирил и Методиј“-рече од говорницата кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ.

Во тој момент попушти бината:

Пендаровски со прекрасно музичко видео за старт на кампањата

Изодевме долг и тежок пат за да стигнеме тука, но заедно можеме многу повеќе, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

– Денес носиме одлука да продолжиме напред, затоа што заслужуваме модерна, европска држава – порача преку видеозапис претседателскиот кандидат.

Во видеото- спотот со песната „Сите едно пееме“ се претставени убавините на земјава, како Канео, револуционерното Крушево, Старата чаршија, фудбалската и ракометната репрезентација, но и Блаже Конески и спомениците на Гоце Делчев и на ослободителите на Скопје.

Заев до Кумановци: Гледајте го утрешниот дуел со Мицкоски зашто ќе биде транспарентен

Договорот со Грција е совршен пример, модел како може да се разграничат идентитетски прашања и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати.

Јаулески со видео за децата на политичарите од власта и луксузот – СДСМ со осуда

Јован Јаулески, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на социјалните мрежи постави монтирано видео со фотографии и имиња на децата на функционери од власта, прикажувајќи дека тие живееле во луксуз додека граѓаните се бореле да сврзат крај со крај.

СДСМ веднаш го осудија видеото, а воедно и нападот на синот на Гордана Силјановска Давкова.

Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО во центарот на Белград

Во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС) денеска во центарот на Белград се одржа протестен марш по повод 20-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, на кои беа запалени знамиња на ЕУ и Алијансата.

Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ, кој на почетокот на собирот запали знамиња на Европската унија и НАТО.

БОМБА НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОСКА : АБДУЛФЕТА НА 27-МИ АПРИЛ НЕ ГО СПАСИЛ ЗИЈАДИН СЕЛА, ТОА ГО НАПРАВИ ЕДЕН ОД ДЕМОНСТРАНТИТЕ!!!

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва во #ClickPlus на ТВ21 рече дека Абдулфета не го спасил Зијадин Села. Таа додава дека Абдулфета на 27 април не си ја вршел работата.

Инцидент во Атина: Портпаролот на „Златна зора“ до Димитров: „Македонија е грчка“

Инцидент се случил денеска во грчкиот парламент, при средбата на министерот Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна зора, Илиас Касидиарис, бил спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата.

Македонија е грчка, викал тој додавајќи дека и Скопјанецот требало да чуе.

Амди Бајрам се повлекува од претседателската трка, застанува зад Пендаровски

Новинарот Фуркан Салиу од ТВ21 на својот Фејсбук профил објави видео од разговор со пратеникот Амди Бајрам, по објавувањето на претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.

Бајрам рече дека се повлекува од претседателската трка, и дека застанува зад Пендаровски.

Ахмети прозборе македонски испровоциран од прашање за Мухамед Зекири

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев даде изјава дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат, а потоа одговараше на новинарски прашања.

На сите прашања поставени на македонски јазик тој одговараше на албански, а Бујар Османи преведуваше. Но, на последното прашање да го коментира потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на чист македонски.

Инаку ова е втор пат како Ахмети јавноста може да го види како зборува на македонски, прв пат тоа беше на кампањата за референдумот.

Средба на Премиерот Заев и Канцеларот Курц: Република Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.

Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за сѐ што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.