Македонија во мрак – видеа од нашата земја го обиколија светот

Големото одбележување на „Часот на планетата Земја“ во Македонија стана хит низ целиот свет! Видео инсерти и фотографии од масовната прослава во Скопје, но и од Охрид ги обиколија светските медиуми, а посебно беше поздравена акцијата со садење на илјадници дрвца низ целата република.

Advertisements

Детски хор во Словенија ја пее „Што имала к’смет Стамена“

Македонската песна надалеку се слуша и нашите изворни песни инспирирале бројни музичари од други земји, кои со задоволство ги препејувале безвременските мелодии. Еден пример за тоа е и словенечкиот бенд „Етнотрип“, кој на својот прв албум смести неколку македонски песни, меѓу кои и „Што имала к’смет Стамена“. Токму нивниот аранжман на оваа песна им се допаднал на учениците и наставничката по музичко во основно училиште во словенечкото гратче Церкно.

„Убаво е кога нашата музика инспирира негоко, особено ако станува збор за млади! Вања Лампич со својот младински хор и бендот од основното училиште во Церкно го изведе нашиот аранжман на песната ’Што имала к’смет Стамена’. Ние сме воодушевени, а вие?“, напишаа членовите на групата споделувајќи го видеото од изведбата на дечињата, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

КАКО НА ВИДЕО ИГРА- ЕХФ ја претстави македонската репрезентација

Европското ракометно превенство од 12 до 28 јануари ќе се одржи во Хрватска. Македонија ќе настапи во Загреб во групата Ц заедно со Словенија Германија и Црна Гора, а првите натпревари ќе започнат на 13 јануари.

Веќе традиционално медиумскиот партнер на ЕХФ пред почетокот на првенството атмосферата ја подгрева со претставување на сите земји учеснички. Овојпат тие се одлучија на специфичен начин да го отсликаат патот на секоја репрезентација која ќе ја гледаме на овој континентален собир.

Запалено македонското знаме по пресудите за „Диво Насеље“

“Skifterët”, навивачите на фудбалскиот клуб од Гњилане, Косово, во знак на протест поради пресудите што се случија денеска во Скопје, за случајот “Диво насеље”, го запалија македонското знаме.

Преземено од http://kurir.mk

Двете Македонки со песни од Каролина го поминаа првиот круг на Neki Novi Klinci

Секој понеделник во 21 часот на Канал 5 телевизија се емитува новата сезона од српското шоу на детски таленти “Neki Novi Klinci”.

Во првата емисија се запознавме со 10-годишната Бојана од Скопје која ја отпеа евровизиската “Мојот свет” на Каролина Гочева. Шест “да” доби Бојана од жирито, а коментарите беа дека она е многу слатка и позитивна, и покрај тоа што пеењето не било најдобро.

Во втората емисија, пак, настапи едно девојче од Македонска Каменица која ја отпеа познатата “Не се враќаш” од нашата дива. И Маринела пееше на македонски јазик и го помина првото скалило од ова шоу, а какви беа коментарите на жирито, дознавате во понеделник на Канал 5.

Лажните вести од Македонија се најдоа и во сцена во американската серија Madam Secretary

Во првата епизода од четвртата сезона на американската фиктивна серија, која чепка драматуршки во реалните настани на глобално ниво – “Madam Secretary“, државната секретарка на САД, Елизабет МекКорд му укажува на кинескиот министер за надворешни работи, Чен, дека доколку не преземат итна заедничка акција против нарко-картелите (даден пример – картелот Колима) кои ја “окупираат” државата Тимор-Лесте, убивајќи висок нивен дипломат, а обвинувајќи ја МекКорд за неговата смрт преку лажни вести (“fake news”), и на НР Кина ќе и’ случува истата судбина, особено на министерот Чен, без разлика на нивната престрога законска регулатива.

Како пример за “лажни вести”, ја дава Македонија, велејќи му:
“Дури ни вашите регулативи нема да спречат некој тип од Македонија кој е платен да фабрикува *клик-мамка (clickbait).”

 

Ангела Прилепчанска – Македонска ѕвезда во уметничко лизгање | Македонија за првпат учествува на натпревар од светски ранг во уметничко лизгање

Македонија за првпат учествува на натпревар од светски ранг во уметничко лизгање. Ангела Прилепчанска е нашата претставничка на ISU Junior Grand Prix во Загреб, Хрватска.

За својот настап, 13-годишната девојка избра музика од хитовите „Alive“ и „Cheap Thrills“ од Сиа.

Игор Стефановски – Иџе со Македонското знаме низ прозорецот ја мина целта

Igor Idze Stefanovski со Македонското знаме низ прозорецот ја мина целта
Игор Стефановски – Иџе со импресивно возење заслужено стигна до победа на втората трка што се возеше во Белгија, а удобната предност му овозможи на нашиот автомобилист, со стил, веејќи македонско знаме низ прозорецот, да ја мине целта.

„Грми“ од македонската соблекувална – ИКО МАЈСТОРЕ, ИКО МАЈСТОРЕ!

Најголемите успеси на македонскиот ракомет на Светските првенства е поврзан со името на Илија Темелковски. Човекот кој ни донесе 11. место на Светското сениорско првенство во Хрватска во 2009 година, сега направи нов подвиг, но со младинците.

Македонија ќе биде пласирана меѓу осумте најдобри, а постои можност и првпат да ја нападне медал зоната, ако утре слави против Франција во четвртфиналето.

Во соблекувалната наголемо се славеше, а сите ракометари извикуваа: ИКО МАЈСТОРЕ, ИКО МАЈСТОРЕ…

Традиционалната осма Ѓурѓовденската литија, на која граѓаните се поклонуваа пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец

Во Струга денеска се одржa традиционалната осма Ѓурѓовденската литија, на која граѓаните се поклонуваа пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.
Традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.

5 мај – важен ден во граѓанската пркосна меморија

Поминаа две години од 5 мај, денот на кој беа чуени „бомбите“ за убиството на Мартин Нешкоски и кој за многу од демонстрантите од „Протестирам“ претставува еден од симболите на граѓанското движење за демократски промени.

Policijata tepa na protest pred Vlada (5.05.2015)

Ристо Петревски – Токмакот од Македонија

Уште под импресии прво појавување на нашата страница, а откриваме дека постои цел документарен филм за најсилниот: Ристо Петревски – Токмакот од Македонија! Немате појма колку е генијално!

risto petrevski

Дино Мерлин до Македонците: Зачувајте го Сонцето на вашето знаме!

За време на претставувањето на новиот документарен филм „Средина“, приказна посветена на мега популарниот балкански поп пејач Един Дервишалидовиќ или попознат кај нас како Дино Мерлин, славниот пејач на крајот одвои неколку минути и упати порака до сите Македонци по повод актуелната состојба во нашата држава.

“Доколку Македонците ме гледаат вечерва, сакам да им порачам да ја сочуваат почитта и разбирањето помеѓу себе, да го сочуваат тоа Сонце кое е на нивното знаме, да не дозволат Сонцето на Македонското знаме никогаш да згасне, вечно да сјае, тие луѓе да пронајдат разум, да дадат се од себе никогаш да не дојде до најлошото” – порача славниот Дино Мерлин.

Соња и Мелани Тарчуловски запеаа за Македонија

Untitled.png

Пејачката Соња Тарчуловска го прифати предизвикот и заедно со ќерката Меланија ја испеаја нивната омилена македонска песна „Каранфило филфило“.

Наши иселеници се степале во Германија заради политика (Видео)

Иселеници од Македонија во Германија се степале во Берлин за Божик заради политика.

Видеото од тепачката е објавено вчера на социјалните мрежи. Според она што е објавено, забавата ја прекинале триесетина поднапиени и нервозни иселеници кои поради политика прво се скарале, па потоа истепале.

Дел од учесниците во тепачката се здобиле со тешки повреди, а меѓу повредените има и неколку жени.

nasi iselenici se stepale zaradi politika

Видео од вежба на „Тигрите“

Митко Чавков – Во рамки на програмата за реализирање на обуки за припадниците од специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, реализирана беше тактичко показна вежба на Единицата за специјални задачи за уништување на терористичка група од повеќе лица со употреба на снајперски оган, РПГ и оклопни возила „Хермелин“.”

vezba na tigrite mitko cavkov

„Зајди, зајди“ се најде на саундтракот на Battlefield 1

Една од најубавите традиционални македонски песни „Зајди, зајди јасно сонце“ се најде на саундтракот на видео играта Battlefield 1.

 

Повеќе на: http://pixel.mk

zajdi zajdi na saundtrakot na battlefield 1

Сите заедно да помогнеме за нашите роднини, пријатели, познаници, сограѓани!

Со еден повик на 143-400 помагате со 100 денари за поплавените подрачја!

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228