57-годишната модна креаторка од Прилеп си го исполни својот сон во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп. Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија. Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила. Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа.

Sonja Mulickoska – Ja te pjesmom zovem – (live) – NNK – EM 23 – 03.03.2019
Advertisements

Прекрасен настап на Мартинијан во “Ѕвездите На Гранд”, “Километри” ја отпеа подобро и од Лозано

Прекрасната песна „Километри“ на Влатко Лозаноски беше изборот со кој Мартинијан настапи оваа недела на Ѕвездите на Гранд.

Очекувано, песната ја испеа одлично и со многу емоции, што предизвика воодушевување кај публиката.

Martinijan Kirilovski – Kilometri, Milimetar (live) – ZG – 18/19 – 02.03.19. EM 24

Нашиот Дамјан со одличен настап на „Ѕвездите на Гранд“ – Ова младо момче е новата музичка надеж

Со песните „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески 16-годишниот Дамјан му остави одличен впечаток го импресионираше жирито и предизвика позитивни коментари и воодушевување.

Untitled.png

Ристе Ристески со впечатливо видео за новиот сингл „Неизлечиво“

Охриѓанецот Ристе Ристески, кој (засега) е единствениот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“, деновиве ја промовираше својата втора студиска песна насловена „Неизлечиво“, заедно со мошне интересно и впечатливо видео објавено на неговиот канал на Јутјуб.

„Лилит“ е музичко откритие и вистинско „Чудо“

Зад уметничкото име „Лилит“ се крие една млада, шармантна и симпатична охриѓанка Емилија Колоска, која низ клубовите ширум Скопје и Македонија е позната како вокал на бендот „Балтер“.

Деновиве таа како дел од една екипа вонсериски музичари под името „Лилит“ на јавноста ѝ го претстави своето музичко „Чудо“, огледано во истоимената тема. Необична и чудна, но мошне ефектна фузија на стилови, од џез и блуз, до амбиентална атмосфера зачинета со беспрекорниот вокал на Емилија која на целата тема ѝ дава своевидна мистика, драматика и себесвојствен шарм, правејќи ја неподносливо лесна за слушање и уживање во миксот на комплицирани жанрови

Лозано ја претстави новата емотивна песна „Мајко“

Уште со најавната фотографија за новата песна и видео на Влатко Лозаноски знаевме дека станува збор за уште една емотивна музичка приказна од кичевскиот славеј, овој пат посветена на сите мајки, особено оние чии чеда заминуваат во туѓина… Популарниот пејач, кој на 23 март ќе го одржи својот голем славенички концерт по повод 10 години кариера, отсекогаш добивал особено позитивни критики со изведбите на нашите прекрасни народни песни, а токму во штотуку објавената „Мајко“ го направи можеби најдобриот спој на етно и поп-елементи.

Промовирана песната со која Тамара ќе настапи на Евровизија

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

Музичкото видео вклучува и појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.

„Горда“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

Манекенката Вера Мештеровиќ во најновиот спот на Владо Јаневски баладата „Откако си негова“

Непосредно пред концертот со кој ќе одбележи 25 години кариера, Владо Јаневски го промовираше новиот спот за „Откако си негова“.

58-годишниот пејач и атрактивната манекенка Вера Мештеровиќ го снимаа видеозаписот на неколку локации во Македонија.

Музиката и текстот на песната се дело на Владо, а аранжманот е на Никша Братош.

„Кога не си ти до мене“ е новата песна на Наташа Малинкова

Откако минатата година нè почести со баладата „Ако грев е што те сакам“, дуетската „Еуфорија“ со Александра Јанева и макфестовската „Милион причини“, за која ја освои наградата за најдобра вокална интерпретација, Наташа Малинкова сега ја претставува својата нова песна насловена „Кога не си ти до мене“.

Станува збор за ар-ен-би балада, чиј автор на музиката и стиховите е долгогодишниот соработник на Наташа – Столе Аврамов, а за аранжманот и продукцијата му се придружи познатиот продуцент Зоран Алексиќ. Песната стигна во комплет со видео снимено во винаријата „Queen Marija“ во Демир Капија и на снежниот Пелистер, а го реализираше екипата на продукцијата „Пинестел“.

Невена Божовиќ ќе ја претставува Србија на „Евровизија 2019“ со „Круна“

Со темата „Круна“, младата српска пејачка Невена Божовиќ вчера триуфираше на финалето на годинашниот фестивал „Беовизија“, освојувајќи го и билетот за Тел Авив, каде што на 14 мај ќе ја претставува Србија. Божовиќ се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, а аранжер и продуцент е нашиот Дарко Димитров, кој втора година со ред е дел од авторскиот тим на Македонија и на Србија.

Слаткаристика и „2Бона“ имаат полна чанта „Дијаманти“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото „2Бона“. Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – кои дебитираа на музичката сцена во 2015 година, со Слаткаристика соработуваа и за нивната „Би направил сè“, а овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со акција.

Музиката на „Дијамантите“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

„Срце отвори“ е новиот сингл на Александра Јанева

Популарната струмичанка и двократна победничка на „Макфест“, Александра Јанева го претстави својот нов сингл насловен „Срце отвори“, кој стигна во комплет со екранизација. Автори на музиката и аранжманот се колегите Иле Спасев и Панче Касапски, а стиховите се на познатиот текстописец Огнен Неделковски, односно истата екипа која застана и зад минатогодишниот хит „Ќе се вратам некој ден“, додека видеото е дело на екипата од продукцијата „Пинестел“, чиј потпис стои и на екранизацијата на ланскиот дует со Наташа Малинкова – „Еуфорија“.

Интересно е тоа што „Срце отвори“ е песна стара две години, но сега ја доживеа својата трансформација и доби сосема нов звук.

Малума има нов регетон-хит со „HP“

Колумбиската суперѕвезда Малума продолжува да работи со полна пареа, а освен што го подготвува својот нов албум, најде време и да сними дует со поп-кралицата Мадона, а сè уште необјавената соработка веројатно ќе се најде и на нејзиниот 14. студиски материјал што се очекува во текот на годинава.

Во меѓувреме, 25-годишниот шармер го објави и вториот сингл од претстојниот, 4. по ред студиски албум, а темата насловена „HP“ е регетон-хит што ќе ве натера да посакате да е веќе лето.

Феноменален дует помеѓу Бора Чорба и Игор Џамбазов во придружба на хорот „Мирче Ацев“

Наградата за трајни музички вредности, оваа година отиде во рацете на Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на една од најпознатите српски и југословенски рок-групи „Рибља чорба“. Оспоруван и обожаван, политички контроверзен и музички супериоререн, Бора Чорба е една од најголемите ѕвезди на екс-ју сцената и автор на некои од најубавите и најиронични песни во обемната ју-рок антологија. Во неговиот личен избор, баладата „Погледај дом свој, анџеле“ од шестиот студиски албум на „Рибља чорба“, е таа што би ја избрал кога би требало да се определи за една од сите песни кои ги напишал. Во придружба на хорот „Мирче Ацев“, Бора Чорба и Игор Џамбазов ја исполнија „Погледај дом свој анџеле“. Сите во салата на нозе ја пејат култната балада на „Рибља чорба“ во моментот на чудесно споделената емоција помеѓу изведувачите и публиката.

Златна Бубамара – Влатко Стефановски со синот Јан, академскиот хор Мирче Ацев и “Танец” ја изведоа „Учи ме мајко, карај ме“

Никола Ристановски ги додели наградите за концерт и албум на годината. Откако Никола го најавува хорот од македонскиот национален ансамбл „Танец“, му доделува две награди на Влатко Стефановски – концерт на годината за августовскиот концерт на Антички театар во Охрид и албум на годината – за неговиот најнов албум „Мајчин јазик“. Во фуриозно темпо, со поддршка на хорот и оркестарот од националниот ансамбл „Танец“, хористите Академскиот хор Мирче Ацев, Дамир Имери – бенд, со зурли и тапани и со Јан Стефановски, синот на Влатко на тапани, Влатко Стефановски ја изведува „Учи ме мајко, карај ме“, која завршува со громогласен и долготраен аплауз, од кој долго оддекнува ВИП-арената.

На Валери ѝ фалиш „Само ти“

Валери Димовска продолжува да реди одлични синглови, а најновиот во низата го носи насловот „Само ти“! Талентираната велешанка се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, заедно со колегата Темелко Андреев, кој се погрижи и за аранжманот, миксот и мастерингот, а сето тоа визуелно го дополни Горан Симјаноски.

Никој не остана рамнодушен на емоциите меѓу Бредли Купер и Лејди Гага на нивниот настап на „Оскарите“

Лејди Гага и Бредли Купер на 91. доделување на најпрестижните филмски награди „Оскар“ ја изведоа популарната композиција Shallow од нивниот заеднички филмски проект „Ѕвездата е родена“.

Во театарот „Долби“ завладеа целосен молк, а салата се исполни со голем емотивен набој кога двојката излезе на сцената, а по настапот, многумина оценија дека ова е нивната најромантична изведба на песната што стана планетарен хит.

Lady Gaga, Bradley Cooper – Shallow (Oscar Performance/2019)

Андре Риу и оркестарот ја извежбаа ,,Македонско девојче“ за концертот во Скопје(видео)

Норвешкиот виолинист и медиумска светска ѕвезда, Андре Риу за концертот на 6 јуни во Скопје со неговиот оркестар ја подготвија македонската народна песна ,,Македонско девојче“. Тој македонската публика ја поздрави на македонски јазик.

„Ласт експедишн“ по 22 години се враќа на сцената со нов спот

Со „Хеј хо“ македонскиот алтернативен рок бенд се враќа на сцената по цели 22 години.

Од вчера, откако беше објавена на „јутјуб“, песната досега има преку 8.000 прегледи. Бендот претходно ја најави на својата фејсбук страница и го промовира видео записот. Музика и текстот се на фронтменот Енис Хаџиќ-Енко, а аранжманот го потпишува „Ласт експедишн“. Снимањето, миксот и мастерот се на Мите Димовски.

 

„Ласт експедишн“ (Димитар Петров – тапани, Енко – бас, Сеад Хаџиќ – Сецко – гитара и Идриз Амети – вокал) се формираа во 1985 година. Нивната прва песна „Маршпира пропаста“ е објавена во 1990 година.

Last Expedition – Hey Ho (OFFICIAL VIDEO)

Хитот на ДНК, „Стојам сам“ се слушаше на црвениот килим на Берлинале

Хитот на аренби дуото ДНК, „Стојам сам“ се слушаше на црвениот килим на Интернационалниот филмски фестивал, 69. Берлинале, кој е во тек во Берлин.

По тој повод во Берлин е собрана светската филмска елита. Меѓу присутните се актерот Кристијан Бејл, Жилиет Бинош, која е дел од жирито, потоа Труди Стајлер, сопругата на Стинг. Додека чекорше по црвениот килим имаше можност меѓу другото да ужива и во македонска музика, поточно во хитот на ДНК, „Стојам сам“.

Untitled

“Сирилик” снимија спот со велешанката Валери Димовска

Прилепското електронско дуо „Сирилик“ повторно напаѓа со нов сингл, а овој пат на браќата Андреј и Бојан Иваноски им се придружи велешанката Валери Димовска. Резултатот од нивниот заеднички труд е насловен „Доволни“, а како автори на музиката и стиховите се самите „Сирилик“ и Дина Јашари, со која ги снимија и хитовите „Во тебе се гледам“, „Feel Like“ и „Right Here“, продукцијата е исто така на „Сирилик“, додека миксот и мастерингот им се заеднички со Ивајо, во чие студио е снимена и самата песна.

Сузана Гавазова жешка и намачкана

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.
Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.
Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект.

Новитетот на нашата пејачка е насловен „Намазана“ (Намачкана).
Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.

Тијана Дапчевиќ го прослави роденденот со нова песна

Наместо со роденденска торта, Тијана Дапчевиќ нè почести со нова песна насловена „Презир“, која доаѓа по минатогодишната преработка на „Километрите“ од Лозано, како и по хитот „Ресет“, чии автори се потпишуваат и на новиот сингл. Имено, автор на музиката и стиховите е Александар Делиќ – Динге, а аранжманот го направи Махир Сарихоџиќ.

Погледнете го настапот на Каролина на МАС 2019 во Белград

Во вторникот, на 29 јануари, во арената „Штарк“ во Белград се одржа првото доделување на регионалните музички награди „Мјузик авордс серемони“, или МАС 2019, во чии рамки настапија и едни од најголемите музички ѕвезди во регионот, меѓу кои и нашата Каролина Гочева.

Пејачката беше номинирана во категоријата најдобра етно-песна, каде што за темата „Ти не дојде“ од актуелниот албум „Извор“ ја освои наградата од публиката.

Токму оваа емотивна балада ја изведе и во живо, а одличната сценографија дополнително го збогати нејзиниот настап кој можете да го погледнете во продолжение.

Зоки Шумадинац – „Свесен сум дека сите ме гледаат како будала, но тоа не ми смета”

Зоки Шумадинац преку ноќ стана интернет сензација со својата песна „Аутотјин“, која веќе има милиони прегледи на каланот „Јутјуб“.

Пејачот Зоран Петровиќ, познат како Зоки Шумадинац, направи вистински бум со оваа песна, која за само три седмици достигна неверојатни 3.2 милиони прегледи.

„Дупер“ го имаат најбелиот спот на македонската сцена за синглот „Ние сме 2“

Едно од најнадежните нови имиња на македонската музичка сцена, скопското трио „Дупер“ штотуку го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Ние сме 2“, кој стигна во комплет со видео. Наследникот на хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“ е уште едно авторско на самите членови на бендот, а за снимањето, миксот и мастерот се погрижија Ангел Ќосев и Драги Иванов во студиото „Подрумот“.

За белата екранизација на „Ние сме 2“, пак, беа задолжени режисерот Томи Акимовски, камерманот Томислав Живковиќ и монтажерот Иван Костадинов. Како што споменавме, ова е трет сингл за ексклузивците на „Авалон“, па се надеваме дека до крајот на годинава ќе нè почестат и со цел албум

Каролина Гочева ја доби наградата “Најдобра етно нумера“ на MAC Awards

Македонското девојче, Каролина Гочева вчера вечер ја доби наградата “Најдобра етно нумера” на MAC Awards. MAC Awards или Music Awards Ceremony се првите регионални музички награди. Церемонијата на доделување проследна со спектакуларни настапи на ѕвездите од регионот се одржа вчера во Комбанк арена во Белград.

38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната “Ти не дојде”, од нејзиниот најнов албум “Извор”.

Пензионерот кој го освои регионот – “не постои грип, вежбајте п….а ви материна”

Хрватскиот пензионер, Тони Селмани (82), деновиве е вистински хит на социјалните мрежи по својата интересна препорака за здравјето на повозрасните. Тој се прослави со својата изјава за N1 TV во која тврди дека не постои грип и дека пензионерите треба да престанат да се жалат и да почнат да вежбаат за да бидат здрави.

Македонската песна надалеку се слуша – куварот од Тајланд во дует со Марјан Коцев

Македонскиот фолк пејач Марјан Коцев моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, а неговиот престој во Сиднеј го искористи да се сретне со момчето од Тајланд, кое стана хит на социјалните мрежи пеејќи ја неговата песна “Ти, само ти”.

Игор Џамбазов како Јонче Христовски – “Свирете Ми Чалгии”

Најубавата новогодишна програма оваа година ја имаа екипата на Преспав каде актерите покажаа дека знаат и да пеат. За Џамбазов нема што да се зборува го знаеме дека за се го бива, па така тој ја отпеа “Свирете Ми Чалгии” во стилот на Јонче Христовски

Igor Dzambazov – Svirete mi calgii

Билбилов ги екранизираше своите „Чудни места“ во Кокино

Макфестовската „Чудни места“, со која Роберт Билбилов се врати на музичката сцена (како изведувач) по пауза од неколку години, сега си доби и соодветна, вселенска екранизација, а како локација уште посоодветно беше избрана една од најстарите мегалитски опсерватории во светот – Кокино. Воодушевувачките пејзажи и визуелните екфекти одлично ја дополнуваат песната, симболизирајќи ја љубовта како исто толку универзална, мистична и бескрајна како вселената.

Robert Bilbilov – Cudni Mesta (Official Video) 4K

Македонските пејачи ја претставија божиќната „Небо и земја“

 

Со намера да се возобноват православните традиции за прославување на Христовото раѓање, дел од македонската естрада годиниве ја препеа темата „Вечниот Бог“, а сега репертоарот е дополнет и со „Небо и земја. „Небо и земја“ ја изведуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, „Некст тајм“, „Љубојна“ и дечињата од „Златно славејче“, а снимена е во студиото „Алшар“ . Повеќе…

Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера од „Љубојна“ ја пеат „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишните емисии на македонските телевизии и годинава ги имаше во голем број, а оние што одлучија на најлудата ноќ да останат дома, имаа можност да одберат во чие друштво ќе ја дочекаат Новата 2019 година. Меѓу нив беше и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, која приреди одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи.

Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев со Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го сподели и Каролина на својата страница на Фејсбук.

Светско а наше | Мартија ја заокружи годината со „Get Crazy“

Само неколку дена до крајот на 2018, Мартија Станојковиќ одлучи оваа мошне успешна година да ја заокружи со темата насловена „Get Crazy“. Станува збор за уште еден потенцијален хит за талентираната кумановка, кој повторно го потпишуваат американските автори  Џеф Герити, Џош Глејзер, Алија Џејд и Ерл Коен, со кои соработуваше и за претходно објавените „Next To Me“ и „That’s The Way We Like It“.

Антонија како Шакира во „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на емисијата „Пинкови ѕвездички“, во кое учествуваат најдобрите изведувачи од претходните сезони на натпреварот. Откако ја слушнавме со изведбите на евергринот „I Will Survive“ од Глорија Гејнор и деби-синглот на Бритни Спирс – „Baby, One More Time“, годинашната победничка на „Макфест“ во најновата епизода се претстави со хитот „Whenever, Wherever“ од колумбиската колешка Шакира.

„Фанк шуи“ ги претстави своите „Деца“

Скопското трио „Фанк шуи“ ја заокружува годината со ново видео за темата насловена „Деца“.

Песната е снимена во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев (микс и мастеринг) и „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски, со помош на Драги Иванов, а за видеото се погрижија самите членови на „Фанк шуи“ со Борис Ралев зад камерата.

Хитот на Билбилов, „Избриши ги ти солзите“ доби нова верзија

Еден од најголемите хитови на Роберт Билбилов – макфестовската „Избриши ги ти солзите“ (2006) си доби нова, освежена верзија, отпеана во дует од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.

Триото „Кладенец“ ја екранизираше „Да си вечна земјо моја“

„Да си вечна земјо моја, темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк-фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, кој деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер.

Инаку, вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“, тој и неговата вокална дружина, која покрај него уште ја сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат за зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

„Око мое“ е новиот хит на Стојне Николова

Фолк-пејачката Стојне Николова деновиве го промовираше видеото за својата најнова песна насловена „Око мое“, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката – Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.

Stojne Nikolova – Oko moe(official video)

ЕКСКЛУЗИВНО – „Reminder“, нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder“, за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза. Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон (David Lion) и претставува храбра комбинација на балкан-бит звукот со глич-хоп и реге-влијанија.

Djaikovski Ft David Lion – Reminder (Official Video)

Струмичанката Ленче ги воодушеви Жељко и Јована Јоксимовиќ во „Никогаш не е доцна“

Започна и вториот круг на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, а во првата емисија настапуваше и Ленче Кукиќ од Струмица. Пред жирито и публиката се претстави со песната „Не иди од мене, злато мое“, а со нејзинита интерпретација ги воодушеви присутните во студиото и пред ТВ екраните.

Членови на жирито овој пат освен Саша Милошевиќ Маре, беа и Јована и Жељко Јоксимовиќ кои имаа само пофални зборови. Жељко на почетокот истакна дека е воодушевен од пеењето на Ленче и дека за малку ќе паднел од столица поради нејзиниот глас.

„Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секоја чест“, прокоментира Жељко.

Настапот на Кукиќ погледнете го во видеото подолу.

Скопјанецот Филип Пецовски расури во Zvezde Granda, го враќаа и на бис

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“. Неговиот настап погледнете го на 1:06

Александра Заева беше манекенка на ревијата во Струмица

Во едноставен сив фустан и црни чевли, Александра Заева, ќерката на премиерот, беше манекенка на модната ревија за лицата со попреченост. Ревијата втор пат се организира во Струмица и се одржа вчера во хотелот „Вила Парк“.

(Кликнете на постот за да го видите видеото)

View this post on Instagram

убави сме,свои сме💕

A post shared by Aleksandra Zaeva (@aleksandrazaeva) on

Дел од најубавите македонки кои се соблекоа голи

На нашата естрада дефинитивно многу ретко може да се види голотија, но екипата на „Ексклузив“ се потруди и најде дел од најубавите македонки кои се соблекоа голи за објективот.

Тамара Тодевска, Миа Костова, Катарина Ивановска….повеќе во видеото во продолжение:

Го имавме можеби најдобриот настап но за 12-то место, победи Полска на детскиот Евросонг

3.jpg

Во арената „Минск“ во белоруската престолнина денеска се одржа 16. издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа рекорден број од 20 земји. Нашата земја, која учествува во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат ја претставуваше 13-годишната Марија Спасовска со песната „Дома“, потпишана од авторите Дарко Димитов и Елена Ристеска.

Емотивната балада беше меѓу омилените на евровизиските обожаватели, но сепак не успеа да добие доволно поддршка за да победи на фестивалот, ниту да го собори досегашниот рекорд од највисокото освоено 5. место (2007 и 2008). Имено, нашата Дома“ од стручните жирија доби 64 поени, а од публиката 35, така што со вкупниот збир од 99 поени го освои 12. место, што за нашата земја е дури осми пат да заврши на оваа позиција, од вкупно 14-те учества на фестивалот.

Од стручните жирија Македонија ги доби следните поени: по еден поен од Русија, Белорусија и од Италија, по два поена добивме од Украина и Австралија, 4 поени од Велс, 5 од Ерменија, по 7 од Франција и Полска, 10 поени од Албанија и со по максимални 12 поени нè наградија Србија и Казакстан. Македонското жири, пак, своите гласови ги даде за: Албанија (1), Србија (2), Полска (3), Малта (4), Грузија (5), Франција (6), Австралија (7), Казакстан (8), Украина (10) и Италија (12).

Откако беа објавени гласовите од жирија, на ред дојдоа оние од публиката, која гласаше онлајн изминативе два дена. Милионите гласови од гледачите беа претворени во поени, започнувајќи од дваесетина до над сто, така што неизвесноста беше голема до самиот крај, кога победата ја понесе полската претставничка Роксана Венгиел, чија песна „Anyone I Want To Be“ освои вкупно 215 поени.

Светско а наше | Викторија Лоба, Марга Сол и Дарлс Флоу се „Над небото“

„Feel It“ за англиската, а „Над небото“ за македонската верзија е насловот на новата соработка на Викторија Лоба со продуцентите Марга Сол и Дарко Цветкоски или Дарлс Флоу, кои се потпишуваат како автори на оваа дип-хаус тема, а освен што пее, Лоба се погрижи и за стиховите на македонски јазик. Сето тоа визуелно го дополни Дарко Митев, снимајќи на идличниот грчки остров Санторини.

Victoria Loba ft. Marga Sol, Darles Flow – NAD NEBOTO (Official Video)

ЗОО негувателот Ристе од Скопска Зоолошка градина стана главна ѕвезда на сите светски сајтови

Жирафите Флопи и Каспер заедно со нивниот негувател Ристе Трајковски од Скопската Зоолошка градина деновиве се главни ѕвезди на сите интернет портали.

Ристе се грижи за нив повеќе од седум години, а нивните фотографии полни со љубов и емоции го заобиколија светот.

Гавазова започна да ја освојува Србија со „Хало“

Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова неодамна ги соопшти своите планови за освојување на српскиот пазар, а сега конечно ја имаме и нејзината прва песна на српски јазик насловена „Хало“. Сакајќи успехот да биде загарантиран, пејачката ги здружи силите со едни од најпознатите српски автори, па така стиховите на „Хало“ се дело на хитмејкерот Драган Брајовиќ Браја, а музиката и аранжманот ги потпишува Динајл Екс.

One Republic сними своја верзија на евергринот „White Christmas“

Популарниот американски поп-рок бенд „Уан репаблик“, кој пред три години го имаше својот прв спектакуларен концерт во Скопје, неодамна ја претстави својата верзија на познатиот празничен евергрин „White Christmas“. Песната е снимена за новата реклама на автомобилската компанија „џип“, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение.

Слаткаристика денеска го промовираше својот нов сингл и видео насловени „Амстердам“

Марко Маринковиќ – Слаткаристика денеска го промовираше својот нов сингл и видео насловени „Амстердам“, а како што може да се претпостави и од самиот наслов, темата е поврзана со контроверзната тревка, чија легализација е цел и на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

Соодветно со насловот на песната, видеото се снимаше токму во Амстердам, град што е веројатно најпознат по слободната употреба на марихуана, како и по „Квартот на црвените фенери“ (Red-Light Distict). Освен што ја изведува, Слаткаристика се потпишува и како автор на музиката и стиховите, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо и Јован Јованов. Видеото го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а како изгледа и звучи „Амстердам“ дознајте во продолжение. Уживајте!

По пауза од пет години, култниот поп-рок состав „Ареа“ со нова песна

По пауза од цели пет години, култниот поп-рок состав „Ареа“ конечно се враќа на сцената со нов материјал, а како најава за она што ќе биде шесто студиско издание за бендот, деновиве беше претставена темата „Зрак“. Станува збор за авторско дело на гитаристот Ивица Брчиоски, кој се потпишува на музиката и аранжманот, а стиховите се дело на неговата сопруга и вокалистка на бендот, Ружица Брчиоска.

Антонија уште еднаш воодушеви во „Ѕвездичките на Пинк“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на популарната музичка емисија „Ѕвездичките на Пинк“, во чии рамки се натпреваруваат најдобрите натпреварувачи од изминатите сезони. Младата пејачка, која годинава реди само успеси, во новата епизода посветена на мјузиклите настапи со евергринот „I Will Survive“, повторно добивајќи само позитивни критики од жирито.

Каролина Гочева со видео запис за „Бели цветови“!

Најновиот видеозапис на Каролина Гочева е за песната „Бели цветови”, нумера која е дел од албумот „Извор”.
Спотот се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во режија на Чедо Поповски.

За новиот спот Каролина вели:
„Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, ‘Бели цветови’. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!”

Наум Петрески во емисија во живо на водителите на „Ексклузив“ им кажа: „Марш“

По скандалот за кој бруеше целата македонска јавност, а во кој нашиот познат пејач Наум Петрески јавно на социјалните мрежи повика на смрт на симпатизерка на партија, тој денеска повторно се надмина себе си.

Имено, додека одеше во живо емисијата „Ексклузив“, водителите Стефан и Нина телефонски сакаа да во вклучат во живо со цел да го прашаат за неговите закани. Пејачот крена телефон, но само кратко и јасно се обрати со зборот: „Марш“. (Погледнете после 26-та минута)

Повеќе…

Калиопи доби „Пресуда“

По кусата пауза од музичката сцена, Калиопи конечно има нова песна. Станува збор за уште една емотивна балада насловена „Пресуда“, која повторно произлезе како резултат од долгогодишната соработка со нејзиниот некогашен сопруг Ромео Грил. Тој се потпишува како комплетен автор и продуцент на оваа песна, чие снимање се одвивало во студијата „ГМП“ во Базел (Швајцарија) и „Морис“ во Загреб, додека сниматели биле Дон Карло Џовани и Филип Видовиќ, кој стои и зад миксот и мастерингот.

Повеќе…

Лозано има нова песна – „Надеж“

Оваа јубилејна, десетта година од кариерата на Влатко Лозаноски се покажа како најплодна досега, па освен со анимираната „Камо тебе да те имам“, велигденската химна „Километри“ и летниот хит „Јако, јако“, кичевскиот славеј сега нè почести и со уште еден потенцијален хит, кој слободно можеме да го вброиме меѓу неговите најдобри песни досега.

Станува збор за оптимистичната тема насловена едноставно „Надеж“, чии автори секако дека се неговите најверни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, кои и овој пат се надминаа себеси, а во создавањето учествуваа уште и Бојан Рафајлоски на гитара и Сирта Сакс на саксофон.

Повеќе…

Филип Димишковски е најдобриот млад џез музичар, без формално музичко образование

Филип Димишковски е најдобриот млад џез музичар, без формално музичко образование. Годинава, Skopje Jazz Festival и „Катар ервејс“ му ја доделија наградата „Златен орикс“

Пејачот Дамјан Димевски го фрапираше жирито на Zvezde Granda

16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје му остави одличен впечаток на жирито на Ѕвезде Гранда. Тој од свои 14 години настапува на сцените на Гранд, каде минатата година дојде до финале. Оваа година се натпреварува со возрасните каде треба да се покаже исклучително знаење во пеењето како и перформансот.

Јелена Карлеуша во текот на настапот на неколку пати го пофали пеењето и изгледот, Марија Шерифовиќ остана без зборови, а Саша Поповиќ и самиот нагласи дека е прв кандидат кој ја оставил без зборови.

Погледнете ги и реакциите на жирито

По стапките на вујко си Тоше: Кристијан Ристески дебитира со „We Are Blood“

„We Are Blood“ е насловот на првиот официјален сингл на младиот Кристијан Ристески, кој ќе се најде на новиот постхумен албум од неговиот славен вујко Тоше Проески, чија промоција е закажана за в петок, 2 ноември, на големиот концерт во чест на легендарниот пејач. Музиката и аранжманот ги создаде тимот на англискиот продуцент Енди Рајт, во чие студио и се снимаше целиот материјал на англиски јазик на Тоше, а стиховите заеднички ги потпишуваат Енди и Кристијан.

Повеќе…

Kristijan – We Are Blood (Official video)

Инстаграм хит: Мамо, може ли да се оженам?

Никола Ќориќ од околијата на Нови Сад стана Инстаграм хит и ја направи својата венчавка незаборавна.

Имено, кога матичарката го праша – дали стапува вo брак по своја слободна волја, тој одговори: „Почекајте, не сум ја прашал мамичка”, што предизвика насмевки и кај невестата и кај гостите.

 

Адам Лабунски после неколку сезони во „Пинкови ѕвезди“ си ја проба среќата во “Ѕвездите На Гранд”

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Елена Ристеска со нов спот – “Снаге За Крај”

Елена Ристеска го збогатува своето музичко портфолио. 32-годишната пејачка ја објави својата нова песна „Снаге за крај“, која е на српски јазик.

Музиката и текстот на „Снаге за крај“ се дело на Сергеј Ќетковиќ, за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.

Спотот Елена го снимаше во Македонската опера и балет на почетокот на јули.

Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан

„Фанк шуи“ го објави својот „Крик“

„Кога никој не слуша, можеби е време да зборуваме потивко. Свету, ова е ’Крик’, паметно гласен, разбирање и љубов“, вака скопското трио „Фанк шуи“ го претстави својот нов сингл и видео насловени „Крик“.

Автори на музиката и стиховите се самите членови на бендот, а продукцијата им е заедничка со Бен Милчев, чиј потпис стои и на миксот и мастерингот, додека снимањето се одвиваше во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев и „Тралала“ на Мите Димовски.

Лука, Давид и Михаил се погрижија и за визуализацијата на „Крик“, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Марио Еди со ремикс на хитот „Не сум твој тип“ од Дупер

Дебитантскиот хит-сингл на триото „Дупер“ продолжува да ја освојува публиката, но и да ги инспирира колегите од музичкиот свет да му дадат и свој печат на овој заразен рефрен. Имено, „Не сум твој“ тип неодамна доби ремикс и поддршка од маестралниот Роберт Билбилов, а сега сето тоа го добива и од младиот прилепски диџеј и продуцент Марио Еди.