Cyrillic ја спакуваа „Твоите очи Лено мори“ во модерен дип-хаус звук

Едни од најатрактивните имиња на електронската сцена во Македонија кои се појавиле последниве неколку години, дефинитивно се момците од Cyrillic, Андреј и Бојан. Од ден на ден нивната публика во нашата земја, но и надвор од неа е сè повеќе бројна, а тоа го мотивира ова електронско дуо да создава и во иднина нова и квалитетна музика.

По тој повод, „Севда“ е нивното најново остварување, а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено мори“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси. За овој сингл момците од Cyrillic соработуваа со пејачката Наташа Малинкова, која маестрално ги испеа вокалите.

За новиот сингл има и видеоспот во режија на Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во спотот е преубавата Марија Давчевска.

„Пак и пак“ – слушнете ја новата песна на Дупер

Момците од Дупер имаат нова песна. Талентираното музичко дуо ја објави новата песна насловена „Пак и пак“.

Музиката, текстот и аранжманот е дело на самите Борис Какуринов и Илчо Нечовски од бендот.

Слушнете ја:

Стојне Николова ја „воскресна“ легендарната патриотска песна „Крушево абер пристигна“

Откако кон средината на минатата 2019 година го издаде својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, најавувајќи го како: „Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, кој ги содржи хитовите: „Око мое“, „После мене“ и „Спремај мајко дарови“, динамитната струмичанка Стојне Николова сега се одлучи на еден сосема поинаков чекор.

Имено, македонската „фолк џепна венера“ реши да го следи примерот на колегите од рок сцената, „Некст Тајм“…

И тоа комплетно, па одлучи една стара македонска народна песна на покојната фолк икона Васка Илиева, да ја преработи во модерен стил, да ја визуелизира со видоспот, кој го екранизраше во вид на мини игран филм… Токму по теркот на браќата близнаци од споменатото рок дуо „Некст Тајм“.

Каролина промовираше нова песна во „Дајте Музика“

По скоро две години, Каролина Гочева има нова песна. Таа ја промовираше „Обичен необичен ден“ во „Дајте музика“ и откри дека песната е направена специјално за оваа детска музичка емисија. Автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник, Николче Мицевски.

Запознајте ја Ayana (синооката убавица) првиот женски артист на “Урбан Рекордс” (Фото+Видео)

Префинето и со стил кој плени со својата природна убавина, шарм и моќен вокал… Запознајте ја деветнаесетгодишната талентирана Ayana, првиот женски артист во “Урбан Рекордс”, новото музичко име кое што веруваме ќе прозвучи надалеку. Продукцијата која преферира модерен саунд ни ја представува Ayana во еден нов стил кој не е секојдневен за женските артисти од нашата земја.

Песната “Не ме моли” за која музиката и текстот се на самата Ayana е во трап, РнБ стил. Аранжманот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше на две локации, во “Хелиум Кафе” и во ексклузивниот ресторан/Кафе Бар “Ча Ча” во Скопје.

Промо: Нов спот на групата “Ван Гог”

Групата “Ван Гог” годината 2019 ја завршува со четвртото видео изработено за песната “Емотивно миниран”, песна која изминатите месеци е на врвот на домашните и регионални топ листи.

Направен е по несекојдневно сценарио за денешно време а по угледот на каубојските филмови за Дивиот Запад, пред се со динамиката, звучните ефекти и автентичните костуми од тоа време.

Слаткаристика не е Дедо Мраз но ви носи пакетче

Слаткар на својот YouTube канал го промовираше видеото за најновата песна едноставно насловена “Бетмен”. Видеото е снимено во Станица26, а во истиот учествуваат девојки од Queen Dance Studio, а го реализираше Имедија, зад аудиото стојат Иван Јованов – Ивајо и Слаткар.

Слаткаристика – Бетмен

Нова песна со силна порака од Марија Спасовска

Минатогодишната претставничка на Детската евровизија, Марија Спасовска која ја пееше песната “Дома” во продукција на Дарко Димитров и текст од Елена Ристеска објави нова песна на својот YouTube канал.

“Сакам” е новата песна од Марија Спасовска со која порачува “Човекот со срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда”. Текстот на оваа балада е од Марија Спасовска, а музиката и аранжманот се на познатиот Роберт Билбилов. Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.

Интересен е фактот што Марија во видеото употребува знаковен јазик, сакајќи оваа песна со својата силна порака да допре до секој човек, за да можат да слушаат сите, дури и тие што не можат да слушаат.

Во продолжение погледнете го видеото:

Огномет и спектакл, Дино Мерлин пееше пред 60.000 луѓе во Скопје за Нова година

Со концертот на Дино Мерлин и спектакуларен огномет на полноќ, над 60.000 луѓе од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Веселата атмосфера почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи Gypsy Groove и „Суперхикс“, кои ја загрејаа атмосферата пред Мерлин да излезе на сцената. Тој ги испеа своите најголеми хитови и уште еднаш покажа зошто е толку голема ѕвезда на Балканот, со кариера што трае повеќе од 3 децении.

Организатор на новогодишната забава беше Град Скопје. Тие во текот на месец декември на плоштадот „Македонија“ секојдневно организираа и концерти за граѓаните на „Винтерленд“, поставен пред ГТЦ. Во јавноста се коментираше дека ова е една од најубаво организираните нови години кај нас, а дека Скопје овојпат личеше на големите светски метрополи.

“Нека те боли” на Лина Пејовска доби српска верзија

Нашата млада пејачка Лина Пејовска ја објави српската верзија на “Нека те боли”, песна со која се претстави во Тирана, Албанија на музичкиот фестивал “Kënga Magjike”. Оваа песна е авторско дело на прочуениот композитор Дарко Димитров и шоуменот Игор Џамбазов. По “Ако ме волиш”, “Одлучи се” и “Нема” ова е четврта песна која нашата Лина ја отпеа на српски.

За оваа песна пејачката со својата екипа сними и видео спот, кој ја доловува емоцијата на песната. Освен таа, во спотот се појавува и познатиот македонски манекен Димче Димчевски.

Lina Pejovska – Neka te boli (Official Video)

Теа Трајковска се враќа на музичката сцена со “Што би било”

По подолга музичка пауза, поп пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со нова интересна певлива песна насловена “Што би било”. Автор на текстот е токму таа, додека музиката и аранжманот ги подготви најдобриот во својата област, Лазар Цветковски.

Видео спотот е снимен во Анталија, Турција.

“Пола света” е најновата песна на младиот Мартинијан Кириловски

“Пола света” е најновата песна на младиот Мартинијан Кириловски, кој што македонската публика го запозна како кандидат и натпреварувач во многубројните музички шоу програми, меѓу кое ќе го вброиме и “Ѕвездите на Гранд”. Оваа интересна и певлива песна која што е со модерен стил, како што и самиот тој вели е вистинско освежување на македонската музичка сцена, за разлика што оваа песна е пред се наменета за музичкиот балкански пазар бидејќи е на српски јазик. Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, а текстот го напиша Огнен Неделковски.

Во продолжение слушнете за што станува збор.

Ексклузивците на “Урбан рекордс” Тракер и Таско доаѓаат со “Црна мечка”

Се попопуларните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско-Тракер, тие летото минатата година снимија спот за “Не ме боли”.

Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со “Црна мечка”.

Музиката и текстот се на Андреј Трајковски-Тракер и Христијан Тасковски-Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов-Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски “God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.

Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството

По одличните “Метар дана” и “Тамо негде”, Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов “Самица” и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.

Позната македонска рок-група од Гостивар, “Ареа” изненади со нова песна

Позната македонска рок-група од Гостивар, “Ареа” ја промовира новата песна со видео запис насловена како “Те спомнувам”. Песната е целосно авторско дело на “Ареа” со текст, музика, аранжман и продукција. Спотот е сниман на неколку локации во Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот “Пинк Флојд”, под режисерската палка на Кристијан Шемко. Младите артисти кои го разубавија спотот и му дадоа посебна ведрина се : Ана, Маги, Лејла,Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан.

Уживајте!

Како би изгледал голот на Пандев од 40 метри ако коментираше Игор Трпевски

ГОЛ НА ПАНДЕВ ПРОТИВ ЛЕЧЕ
…од таму шутирај колку сакаш…

Тамара Тодевска – најдобар интернационален артист на Кенга Маџик во Албанија

Тамара Тодевска со песната „Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.

„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.

 

Наташа Малинкова ја промовираше новата песна “Биди со мене”

Денес во етер излезе нова македонска песна од поп пејачката Наташа Малинкова, насловена “Биди со мене”. Малинкова и понатаму работи со тимот со кој досега направи повеќе песни кои ја освоија публиката, а тоа се Столе Аврамов кој се потпишува како композитор, миксот и мастерингот го работеа Аврамов и Маликова.

“Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде”, истакнува Малинкова.

“Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели – Даниел Данн и Марко Марк, а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство”, додава Малинкова.

Инструменталци во песната се Никола Дафов – Дафе на клавијатури, хармониката ја свири Александар Митревски, гитара Столе Аврамов, а пратечките вокали ги пејат Ѓоко Таневски и Наташа Малинкова.

Ѓоко Танески прави пресврт во кариерата со – „Една љубов имам“

Македонскиот поп пејач Ѓоко Танески реши да направи пресврт во кариерата по теркот на Каролина Гочева и нејзиното „Македонско девојче“. Имено, тој ја промоивираше новата песна насловена „Една љубов имам“ со која познатиот охриѓанец прави пресврт во начинот на музицирањето и својата изведба, па од поп-рок водите запливува во еден сосема поинако стил, подруг жанр кој може да се нарече етно-поп со фолк примеси, а на моменти и џез елементи.

Преслушајте ја „Една љубов имам“ и проследете го видеото во кои покрај пејачот главните улоги ги толкуваат моделите Марис Жолен и Мартин Нацевски, песна со која стартува новото поглавје во музичката кариера на Ѓоко Танески.

Зад видеото пак стои сограѓанинот на Ѓоко, проверениот режисер на видеоспотови Даниел Јовески од Охрид каде и е сниман спотот на неколку различни локации.

Тамара има нова песна „Мonsters“

По евровизиската „Proud“, Тамара Тодевска има нова песна насловена „Мonsters“.

Композицијата ја напишаа најдобрите македонски композитори: Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов, а текстот Коста Петров.

Untitled

Песната премиерно беше отпеана на „Kenga Song Festival“ во Тирана Албанија, од каде е снимено и видеото.

Текстот е на англиски јазик, звучи модерно и хитовски, а на само неколку минути по објавувањето на интернет каналот Јутјуб има доста позитивни коментари.

Нашата претставничка, Мила Москов заврши шеста на јуниорската Евровизија

Мила Москов ја „запали“ сцената во Гливице, Полска. 14-годишната пејачка од Прилеп настапи со песната „Fire“ на јуниорската Евровизија.

Текстот на песната е дело на Магдалена Цветкоска, додека за композицијата и продукцијата се погрижи Лазар Цветкоски.

По пребројувањето на гласовите, Полска стана победник, а нашата Мила го освои шестото место.

Untitled.png

А ова е победничкта композиција

Лина Пејовска промовираше нова песна на фестивал во Албанија

Лина Пејовска и стана позната на македонската јавност по учеството во неколку музички талент шоу натпреварувања во регионот како „Пинковите ѕвездички“ во Србија или „Ѕвезди – летен хит“ во Хрватска, каде буквално сјаеше и доби многу позитивни коментари, за своите настапи.

Таа лани пееше на нашиот најпрестижен фестивал на поп музика – ,,Макфест”
, каде дебитираше со баладата „Нема“, која ја преработи и на српски јазик. А, потоа направи преработка на старата тема од 2010 година на некогашна македонска пејачка Снежана Џеповска, насловена „Крив си сам“.

Најновата композиција на Лина носи наслов „Нека те боли“, песна што уште еднаш ги потврдува нејзините гласовни можности и интерпретаторски квалитети.

Лина новата песна ја промовираше во Албанија, на фестивалот „Kenga Magjike 2019“.
Музиката и аранжманот на оваа преубава балада се на Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов.

Како сето тоа звучи и изгледа во нејзиниот фестивалски настап, проследете од видеото во продолжение:

Менил Велиоски промовираше нова песна

Младиот Менил Велиоски кој учествуваше во талент шоуто “Неки нови клинци” на Гранд продукција, промовираше нова песна. Ова петта песна на Менил кој е родум од струшкото село Лабуништа, а со семејството живее во Словенија. Автор на текстот е познатата Марина Туцаковиќ, а композитор и аранжер е Александар Кобац.

Слаткар во „Дајте музика“ ја промовираше новата песна „Јас имам некој“

Марко Маринковиќ – Слаткар беше гостин во новата епизода од „Дајте музика“ каде ја промовираше својата нова песна „Јас имам некој“.

Малите ѕвезди во популарното шоу пееја заедно со 33-годишниот музичар. Погледнете видео:

 

Слаткар го објави и спотот за песната.

Слаткар со нова песна: Во спотот е Драгана Спасовска која не се родила да „сецка“ салати

Одисеа“ е најновото музичко остварување на познатиот рапер Слаткар. Тој преку социјалните мрежи ја објави новата песна.

Во спотот покрај раперот има уште неколкумина други статисти, а една од главните улоги ја толкува и познатата старлета Драгана Спасовска која пред извесно време ја насмеа македонската јавност со изјавата дека не е родена да сецка салати и да пие ракија со сопругот.

Неверојатно – Бора Чорба му посвети песна на Ивица Дачиќ (ВИДЕО)

Музичарот, поет и водач на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Џорџевиќ, посвети нова песна на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Чорба песната, како што објасни, ја направил во знак на благодарност што за време на неговиот мандат 14 земји го повлекле признавањето на Косово.

Џорџевиќ истакнува дека ова е голем успех за Србија и на овој начин сакал да му се одолжи на Дачиќ. „Рибља чорба“ песната премиерно ја изведе во Јагодина, пред повеќе од 6 илјадна публика.

“Next Time” во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи народната песна “Јовка Кумановка”

Дуото “Next Time” во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи народната песна “Јовка Кумановка”.

За потсетување, “Next Time” претходно ги преработија “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”. Сите преработки се пропратени со високобуџетни спотови на кои се потпишува Огнен Шапковски и неговата “Мелем Продукција”. Аранжманот на песната е дело на Никола Мицевски.

Одиме на победа! Ова е детската евровизиска песна на нашата Мила Москов

Оган“ или „Fire“ е нашата детска евровизиска песна со која Мила Москов ќе се натпреварува во Полска.

Мила Москов е ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп и ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.

Позади ова музичко дело се потпишуваат едни од најдобрите во нашата земја,  Лазар Цветковски како автор на музиката и аранжманот, Магдалена Цветковска го напиша текстот, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.

Бугарска сензација, GABBY G успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа”

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, “One Love Tour 2019”, по трет пат минатиот викенд се одржа во Скопје и го донесе најдоброто од двете држави за сите генерации.

На настанот зеде учество и една млада девојка од Бугарија, која ги освои срцата и ја расплака многубројната публика на One Love Tour на плоштадот Мајка Тереза во Скопје, каде се собраа едни од најпознатите македонски и бугарски изведувачи.

Вистински музички бран и еуфорија се разлеа на плоштадот во главниот град, а покрај сите изведувачи не остана не заприметена младата петнаесетгодишна Поп и РНБ пејачка позната како Gabby G. која успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа” на ѕвездата Тоше Проески.

Почетокот на летото оваа година таа го промовираше нејзиното првенче “Краен Срок”, кое е дело на македонскиот продуцент и композитор Јорданчо Василковски – Оцко и шведскиот хитмејкер Јохан Бејерхоум, кој е автор на едни од најголемите хитови на Араш.

„Ај Кју“ со преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија

По неколкуте синглови со кои „Ај Кју’ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.

Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

На трансформирањето на еден ваков мелос во модерен и современ звук, тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го ткаат Бојан и Марија.

Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.

Антониа Гиговска го препеа евергринот „Кога те нема“ на Хелена Благне

Девојката со ангелски глас Антониа Гиговска го препеа македонскиот евергрин „Кога те нема“ на познатата Хелена Благне, првата победничка на Макфест 1986 година, во Штип.

Ова видео е продуцирано со финансиска поддршка на Европската унија, а снимано е на повеќе локации низ Македонија. Уживајте!

Автор на песната: Кире Костов
Автор на текстот: Васил Пујовски
Режија: Александар Николоски
Сценарио: Јорданчо Милошевски & Александар Николоски
Директор на фотографија: Небојша Петревски
Снимател: Александар Нешковски
Актери: Теодора Волческа и Нинослав Нанков
Продукција: Младински Форум за соработка – Скопје, 2019

“Тајфата” и Димитар Андоновски снимија нова песна

Составот “Тајфата” и Димитар Андоновски снимија нова песна. Станува збор за песна која ќе се најде на нивниот прв албум кој треба да биде промовиран наскоро. Песната е насловена “Не си моја”, а автори се Лазар и Магдалена Цветкоски.

“Мислиме дека доста не чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача”, велат од бендот.

Јордан Митев промовира спот за неговата најнова песна “За тебе”

Фолк-пејачот Јордан Митев го промовира спотот за неговата најнова песна “За тебе”. Видеото е снимено на неколку локации во Милано, а го работеше “Zati”. Песната е со модерен фолк-звук, а нејзин комплетен автор е Митев.

“Зборови” најнов сингл на младата Дина Јашари

По нејзината “Последна Минута”, Дина се враќа со нејзиниот нов сингл “Зборови”. “Зборови” е едно искрено парче музика чии автори се Дина Јашари и Драги Иванов, кој исто така се погрижи за продукцијата, снимањето и миксот и мастерингот на песната.

Видеоспотот е во режија на Милена Манева и Ведран Манев, а зад снимањето и монтажата на истиот стојат Били Дурмишовски и Горан Симјаноски. Да не трошиме многу зборови, слушнете и погледнете за што се работи.

Љубојна со нов спот за “Севдо ле”

Групата Љубојна го промовираше видео спотот за најновата песна “Севдо ле”. Како што напиша на Фејсбук вокалот на Љубојна, пејачката Вера Милошевска – Јосифовска, ова претставува прв сингл од најновиот албум на Џијан Емин и Македонската филхармонија кој излегува наскоро насловен “Phonic Silence”.

“Драги фанови, Тазе од “кујната” на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен Phonic Silence. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за се што ни треба”, напиша Милошевска на својот Фејсбук профил.

Инаку, музиката е дело на Оливер Јосифовски, текстот на вокалот и пејачката Вера Милошевска – Јосифовска. Миксот и Мастерингот на Ангел Ќосев од “Студио Подрумот”. Што се однесува до видео спотот, во истиот се појавуваат Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски. Зад камерата работеше Александар Ивановски – Роџо, додека како режисер на видеото се потпишува Сашко Потер Мицевски.

Во продолжение, погледнете го најновото видео од Љубојна.

Александра Јанева одново слета како… „Комета“

Македонската поп пејачка Александра Јанева полека ја заокружува веројатно најуспешната година во нејзината музичка кариера. Струмичанката навистина во 2019 имаше бројни успеси. Во еден период речиси секој месец исфрлаше нова песна, а секоја од нив беше забележана од публиката и радиостаниците. „Срце отвори“, „Одговор“, „Се одбирам себе“… допреа до слушателите па резултат на нивниот успех беше зголемениот број на настапи на пејачката, која годинава беше и дел од екипата придружни виокали на Тамара која го постигна најгоплемиот евровизиски успех досега за Македонија.

По летото и летните настапи на разните фестивали и плоштади низ земјава, Јанева одново слета како „комета“ на музичката сцена. Така е насловот на нејзината најнова песна, овој пат и стилски и какзвук малку поинаква и од различен автор.

„Алегро“ знаат како се ужива на „Honeymoon“

Струмичкиот бенд „Алегро“ на објави нова песна и видео спот, со наслов „Honeymoon“. Песната е во ритамот на летото, а видеото е снимено на „Papua Beach“ во Калитеа, во Грција.

Миксот и аранжманот на овој летен хит се направени во студиото на Енцо Расимов во Белгија, а текстот е на Борче Нечовски.

Лила Филиповска во Скопје ЗОО им чистеше на животните, ги хранеше и се качи на трактор

Лила се вклучи во општествено одговорната кампања За здрави и среќни животни 🐵🐘🦒
Во улога на зоо негувател, не само што научи за нивната исхрана, туку ги исчисти и живеалиштата на слоновите и жирафите ❤️

Незаменливата Елена Јовческа на Белички Средби 2019

По девети пат во село Белица – Кичевско, се одржаа традиционалните „Белички средби-2019“. На средбите кои редовно се одржуваат во втората половина од месец јули, покрај постојаните жители на селото, беа присутни печалбари родум од овој крај и голем број на гости.

Во двата дена беше организирана и богата културно уметничка програма каде очигледно најголем впечаток остави Елена Јовческа со својата гајда. Уживајте!

„Шошана“ стана турбо-фолк химна на Вардар

Познатата мелодија од песната „Шошана” која навивачите на црвено-црните долго време ја користат за една од своите навивачки песни, сега ја преработи и фолк пејачот од Крива Паланка, Влатко Алексовски.

Влатко Лозаноски го промовираше новиот сингл „Не те вадам од памет“

Влатко Лозаноски го промовираше новиот сингл „Не те вадам од памет“. Изведувачот на најслушаните хитови изминативе две години и овој пат ги здружи силите со долгогодишните соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, а сето тоа визуелно го дополни Даниел Јовески.

Во видеото за новиот летен хит на Лозано друштво му прави Мартина Михајловска, а како изгледа и звучи „Не те вадам од памет“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Бугарката Галена ја претстави песната “Паника” со светски видеоспот

Бугарската пејачка Галена важи за изведувачка која секогаш знае како пријатно да ги изненади своите обожователи.Таа вчера на официјалниот YouTube канал на телевизија Планета – PlanetaOfficial ја претстави својата најнова песна “Паника” која за рекордни 24 часа има над 500.000 илјади прегледи, со што веднаш ја направи една од најслушаните бугарски песни.

Песната е дело на нашиот македонски композитор Јорданчо Василкоски – Оцко, со текст на Анастасија Мавродиева, додека пак неверојатниот видеоспот кој собра илјадници позитивни коментари е на режисерот Салих Сали, со камерман Бруно Амарал, снимен во Шпанија.

Музика Нивес Целзиус ги разгоре фантазиите со новиот спот за „Odjebando“

Хрватската пејачка, модел и бивша актерка, Нивес Целзиус, го објави новиот спот за најновата песна „Odjebando“, која има потенцијал да стане летен хит во регионов.

Нејзината нова песна и спот предизвикаа поделени реакции кај публиката. Додека едни говорат дека ова е нејзино целосно промашување, други се воодушевени од производот. Но, во врска со една работа сите се согласни – спотот го прикажува можеби најпредизвикувачкото и најпровокативно издание на 37-годишната Целзиус во последно време.

Текстот за новата песна го напиша Ненад Нинчевиќ, а музиката ја сработи Бранимир Михајлевиќ, кој заедно со неговиот син Марко го потпишува и аранжманот на истата.

Руски бенд украде песна од Тоше Проески

Битките за прекршување на авторските права се мошне честа појава на Западот, особено кога станува збор за плагијаризам, односно копирање дури и на најмал извадок од авторски материјал без дозвола од легитимниот сопственик. Се чини дека ваков прекршок направи и рускиот бенд „Земљане“, кој во февруари годинава ја објави песната „Боже“, чија музика е сосема идентична со хитот „Боже, чувај ја од зло“ на нашиот Тоше Проески.

Ова особено ја разлути македонската публика, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 

Оригиналната верзија на Тоше, која е сместена на неговиот последен албум „Игри без граници“ (2007), е дело на хрватските автори Миро Буљан и Антонија Шола, па дали тие дале согласност или допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме.

„Саунд-еџ“ и Зои сонуваат „Ден и ноќ“

Скопскиот алтернативен рок-состав „Саунд-еџ“ (SoundEdge) го објави својот нов сингл насловен „Ден и ноќ“, во кој како вокалистка гостува Зои. Таа се потпишува и како авторка на стиховите, а музиката е на „Саунд-еџ“, во чие студио се снимаше и миксаше песната, додека мастерингот е на „Декси мастеринг“ од Шведска. Сето тоа визуелно дополнето од Петар Милиќ ве очекува во продолжение. Уживајте!

Чола го претстави видеото за „Оно мало среће“

Здравко Чолиќ го претстави видеото за насловната тема од неговиот 15. студиски албум „Оно мало среће“, објавен во 2017 година за „Кроација рекордс“. Станува збор за авторско дело на хрватската музичарка Антонија Шола, чиј потпис стои на стиховите, а музиката ѝ е заедничка со Иван Зак, додека аранжманот го направи Никша Братош.

Како и за повеќето видеа изминативе неколку години, така и за ова Чола соработуваше со режисерот Александар Керекеш – Кеки, а крајниот резултат можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!

Симпсонови на „руски начин“, и тоа со „Едерлези“

Една од омилените серии, кои на средината на декември ќе го прослават 30-от роденден, доби од неодамна своја „руска верзија“ – „Шимпшони“.

Имено, рускиот аниматор кој се претставува како Лењи Квадратич измислил своја верзија, на оваа секаде во светот популарна анимирана ТВ серија.

Меѓутоа, неговата шпица ниту малку не е забавна, туку прилично депресивна. Додека во оригиналната серија преовладуваат весели бои, Лељиновата шпица е во сиви тонови.

„Би-ди-ем“ имаат домашно парче со светски призвук – „Run n’ Hide“

„Run n’ Hide“ e насловот на новата песна на македонското продуцентско трио „Би-ди-ем“ (BDM), која всушност е и прва соработка со машки вокал – Алекс Ви (Alex V). „Run n’ Hide“ е трета песна на македонскиот бенд, овојпат направена во електронски амбиентален звук. Како и претходните две, и таа е испеана на англиски јазик, а е во издание на „Парагон рекорд лејбл“ (Paragon Record Label).

 

Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“

Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“. Новото дело на Кирил во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на “Филтер лабел”

Синглот е уште една соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката. Видеото е снимано на неодамнешното издание на “Skopje street festival”.

На 12-ти јули, водечкиот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на “Д Фестивал” во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Слаткаристика, Мосел и Слоган ја имаат првата македонско-грчка соработка

Музиката нема граници, а тоа сè повеќе го докажува популарниот македонски хип-хоп артист Слаткаристика, кој зад себе има повеќе соработки со колегите од соседна Бугарија, а сега на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција. Имено, Слаткаристика штотуку ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружи со грчките колеги Слоган и Мосел.

Сето тоа е спакувано со видео што го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), а како изгледа и звучи првата македонско-грчка песна, дознајте во продолжение. Уживајте!

Македонското знаме се вееше највисоко на концертот на Мајли Сајрус на Гластонбери фестивалот во Англија

Очиглено Мајли Сајрус има фанови со “подлабок џеб” од Македонија кои присуствуваа и уживаа во нејзиниот настап на Гластонбери фестивалот во Англија. Инаку Гластонбери е фестивал кој се одржува повеќе денови во местото Пилтон, Англија и тоа секоја година, почнувајќи од 1970 година  кон крајот на јуни и почетокот на јули.

Оваа година фестивалот се одржа од 26-ти до 30-ти јуни а помеѓу големиот број изведувачи беа Мајли Сајрус, Килерс, Кајли Миног, Шон Пол, Џенет Џексон, Ен Мари, Хемикал Брадерс…

Македонското знаме се вееше највисоко на концертот на Мајли Сајрус на Гластонбери фестивалот во Англија

Драган Мијалковски со песната „Илина“ е победник на 34-то издание на „Фолк Фест Валандово“

Драган Мијалковски со песната „Илина“ е победник на 34-то издание на „Фолк Фест Валандово“, кој се одржа на 30 и 31 мај во Валандово. Победничката песна чиј комплетен автор е Љупчо Трајковски Фис, освои најголем број гласови од жирито и публиката во салата Јано Узунов, чиј сооднос беше 60:40. Втората награда замина кај вокалната музичка група „Распеани Валандовчани“ со песната „Љубов преку граница“,чиј автор на текст е покојниот Леонид Манчев, првиот директор на Фолк фест Валандово. Третата награда ја поделија тројца учесници, нешто што се случува за првпат од кога постои фестивалот. Со по 76 гласови третото место го поделија Јовица Мицевска, кој настапи со песната „Моја Мирјана“, Благоја Груевски, кој ја испеа песната „Добредојде таго“ и Елена Андоновска која настапи со песната „Седма зима“.

Влатко Стефановски ја свиреше американската химна во чест на американскиот национален празник 4 јули

Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски вчера во Амбасадата на САД во Белград ја изведе американската химна „The Star Spangled Banner“.

Стефановски добил лична покана од американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот да настапи на прославата во чест на американскиот национален празник 4 јули.

Велешкото трио „Д чикс“ или „Девојките“ вчера го промовираше својот нов сингл – „Ах, тие очи“

Велешкото трио „Д чикс“ или „Девојките“ вчера го промовираше својот нов, втор по ред авторски сингл насловен „Ах, тие очи“, кој пристигна во комплет со видео. Трите дами (Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева) се потпишуваат на стиховите, а аранжманот им е заеднички со Сашко Костов, чиј потпис стои и на музиката, додека за аудио-продукцијата се погрижи Дино Зукиќ во неговото „Домашно студио“.

Сето тоа визуелно е дополнето со прекрасно видео што го изработи екипата на студиото „Пента“, предводена од Иво Иванов, а главната улога, по чии очи воздивнуваат девојките, ја доби Стефан Стоилковски.

Тони Зен со синчето во новото видео за „Тишина“

Тони Зен го претстави новото видео што го сними за една од песните на актуелниот албум „Од изворот на изборот“, кој го промовираше во мај годинава.

Станува збор за темата насловена „Тишина“, авторско дело на самиот Тони и Кирил Бабамов, а во нејзиното создавање учествуваа и Ратко Даутовски на перкусии, Мартин Јосифовски на бас-гитара и Борислав Веселинов на флејта. Инженер на звук е Бојан Филиповски, а миксот и мастерингот се на Мите Димовски. Тони се потпишува и како автор на сценариото и продукцијата, а режијата му е заедничка со Били Ди. Светлото е на Христо Езовски, а изгрејсонцето го „улови“ Никола Клинчаров.

Македонците Бејхан и Ленче победници на „Никад није касно“

Во четвртата сезона на тален шоуто „Никад није касно“ победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ.

Бејхан доби најмногу СМС гласови од публиката, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

– Добро се чувствувам, сакам да пеам и на турски и на српски јазик. Шериф Конјевиќ ми е идол – изјави Рамов по победата.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук.

Bejhan Ramov – Ti nisi bila to – (live) – NNK – Finale – 23.06.2019

 

 

Ленче Кукиќ која ѝ е добро позната на македонската јавност, ги собра симпатиите на стручното жири, а беше најдобра и според гласовите на Фејсбук.

– Ви благодарам за ова, не знаете колку многу ми значи. Уште сум под импресии. Можам да ви ветам дека ќе продолжам да сонувам и да ја изненадувам публиката – рече Кукиќ откако ѝ го врачија признанието.

Lence Kukic – Lepi moj – (live) – NNK – Finale – 23.06.2019

 

Александар Галоски со ремикс на новиот хит на Шон Мендез и Камила Кабејо

Неодамна објавениот дует на канадската ѕвезда Шон Мендез и кубанско-американската колешка Камила Кабејо си доби македонски ремикс. Станува збор за темата насловена „Señorita“, која сега е преточена и низ музичката призма на еден од нашите најуспешни диџеи и продуценти – Александар Галоски, познат само како Галоски, и неговиот српски колега Песто.

Талентираниот тетовец е и еден од најзафатените македонски диџеи, со настапи и гостувања ширум целиот свет, а особено впечатлив беше настапот во Токио, каде што ја „збесна“ публиката. Освен што ја дели сцената и добива поддршка од имиња како што се Армин Ван Бјурен, Дејвид Гета, Афроџек и Хардвел, Галоски има потпишано и договори со нивните издавачки куќи, од кои најновиот е со „Спинин рекордс“.

Долгоочекуван дует: “Beautiful People” е новата песна на Ед Ширан и Калид

Песната “Beautiful People” е резултат на соработката помеѓу британската музичка ѕвезда Ед Ширан и американскиот рапер Калид.

Овој сингл ќе се најде на новиот албум на Ед со наслов “No. 6 Collaboration” кој излегува на 12-ти јули.

“Beautiful People” зборува за тоа како секоја личност треба да остане верна на себеси и не треба да тежнее да стане една од т.н. “убави луѓе” кои се опседнати само со изгледот и материјалните работи.

На новиот албум на Ширан ќе се најдат 15 песни на кои гостуваат вкупно 22 музичари. Помеѓу нив се вбројуваат Еминем, 50 Цент, Карди Би, Камила Кабело, Бруно Марс и Крис Стејплтон.

Антониа Гиговска ја “скина” и Лејди Гага, доби стоечки овации од жирито

Само пофални зборови имаше и за вториот настап и изведбата на емотивната балада „I’ll Never Love Again“ од Лејди Гага, за што доби и стоечки овации од жирито.

„Јас толку плачев на оваа сцена што не ми беше добро. Мораме да се потрудиме да ја означиме Лејди Гага на овој настап, таа е доволно голем уметник да го препознае ова што ти го отпеа… Таа мора да го види ова, јас никогаш не сум слушнала некој вака да ја пее нејзината песна. Никој не е ни блиску. Огромна почит и покол за тебе Антонија, заслужи. Како и да заврши вечерва“, рече Гоца.

Антонија дефинитивно доби огромна поддршка и од публиката, но не беше доволна за да стигне до победа, па натпреварот за неа заврши со прогласувањето на најдобрите двајца, односно заврши на 3. или 4. место. Иако не победи ниту првиот пат кога се натпреваруваше во 2016 (тогаш заврши седма), тоа не претставуваше никаква пречка да ја започне својата веќе одлична музичка кариера, збогатена и со бројни награди на домашни и на меѓународни фестиви, меѓу кои и минатогодишниот триумф на „Макфест“.

Како и да е, едно е сигурно – најдоброто од Антонија допрва доаѓа, а нам ни останува и понатаму да ја поддржуваме и да уживаме со сите нови песни, албуми и концерти што нè очекуваат од оваа талентирана млада дама!

 

Со евровизиската „Proud“, Антонија Гиговска блесна во финалето на „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска уште еднаш нè направи горди и во вчерашното суперфинале на популарната музичка емисија „Пинкови ѕвездички – сите ѕвезди“, каде што се претстави со две песни, од кои првата беше токму евровизиската балада „Proud“ на Тамара Тодевска.

Антонија дефинитивно доби огромна поддршка и од публиката, но не беше доволна за да стигне до победа, па натпреварот за неа заврши со прогласувањето на најдобрите двајца, односно заврши на 3. или 4. место. Иако не победи ниту првиот пат кога се натпреваруваше во 2016 (тогаш заврши седма), тоа не претставуваше никаква пречка да ја започне својата веќе одлична музичка кариера, збогатена и со бројни награди на домашни и на меѓународни фестиви, меѓу кои и минатогодишниот триумф на „Макфест“.

Како и да е, едно е сигурно – најдоброто од Антонија допрва доаѓа, а нам ни останува и понатаму да ја поддржуваме и да уживаме со сите нови песни, албуми и концерти што нè очекуваат од оваа талентирана млада дама!

Запеа и внуката на Наташа Беквалац, слушнете го првиот сингл „Ето“

Не ретко гледаме членови од исто семејство да се посветат на иста кариера, така што низ светот има бројни сестри, браќа, родители и деца или роднини што станале славни во професии како што се актерството или музиката. Таков е случајот и со српската пејачка Наташа Беквалац, чија внука Зои почна да ги следи нејзините стапки и неодамна го објави својот прв сингл насловен „Ето“.

21-годишната пејачка го покажала својот талент за пеење уште како малечка, а многумина веќе ја споредуваат со нејзината славна тетка, и по изгледот и по бојата на гласот. Освен што пее, Зои се потпишува и како авторка на стиховите на својата прва песна, чија музика е дело на Никола Кирцански Кеи и на Славко Миловановиќ, а сето тоа визуелно го дополни Леонард Фрстнер.

Дали Зои ќе го повтори успехот на тетка си Наташа, останува да видиме во иднина, а како звучи и изгледа нејзиното првенче „Ето“, дознајте во продолжение.

Со „Бело лице љубам јас“ Тијана и Тамара ја разиграа публиката во „Никогаш не е доцна“

Речиси сите музички емисии во регионот не можат „глава да кренат“ од Македонците, кои постојано докажуваат дека нашата земја е расадник на музички таленти. Освен како натпреварувачи, Македонците понекогаш се и дел од жирито, а таков беше случајот и со најновата епизода од шоуто „Никогаш не е доцна“, каде што публиката уште еднаш беше воодушевена од кумановката Ленче Кукиќ, а во жирито беа нашите сестри Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска.

Секако дека нивното гостување не можеше и не смееше да помине без песна, така што сестрите добија предивик да застанат на сцената и да запеат песна што ќе ја отсвири бендот. Првиот избор беше добро познатата „Џипси сонг“ на Влатко Стефановски, а веднаш потоа забавата продолжи со народната „Бело лице љубам јас“. Додека сестрите пееја, речиси цела публика беше на нозе, играше и пееше заедно со нив. Уживајте!

Српска мисица на Косово покажа двоглав орел

Србија на овој избор ја претставуваше Ирина Јованка. Јавноста во Србија е вчудоневидена бидејќи никој не знае која е оваа девојка и како е избрана за претставничка за овој избор на убавина.

Кога косовските медиуми ја прашале за потегот што го направила и дали можеби ќе има некои проблеми, Ирина одговорила дека тоа е знак на почитување и оти е нормално тоа да го стори.

ДНК со потресно видео и моќна порака за новиот сингл „Горе или доле“

Музичарите често ги користат своите платформи за да пренесат важни пораки, особено за проблеми кои можат да имаат фатални последици. Токму тоа го направија и момците од ар-ен-би дуото ДНК, кои деновиве го промовираа видеото за својот нов сингл „Горе или доле“, авторско дело на Панчо и на Лазар Цветкоски. Имено, филмската визуализација е дело на веќе докажаниот Даниел Јовески, кој направи вистинско ремек-дело.