Константинос и Анастасија – двајца бизнисмени кои живеат и работат на двете страни на македонско-грчката граница

Advertisements

Силјановска нема да бара поништување на Договорот од Преспа и двојазичноста

Што дознавме од гостувањето на „натпартискиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“ во „Само вистина“?
1. Силјановска нема да бара поништување на Договорот од Преспа и двојазичноста!
2. Ќе го почитува новото име на институциите, па и на институцијата претседател!
3. Го критикувала груевизмот, ама само надвор!
4. Се нервира кога ќе и спомнат „фри-шоп“. Владата во која била министерка не учествувала во доделувањето на фри-шопот, туку МВР (дел од владата)!

Амди Кола шоу – кој не бил во затвор не знае ништо, тоа е големо искуство

1. Поштено си одлежав затвор.
2. Милион „Амди коли“ ќе бидат испиени во кампањата.
3. Лојален сум бил за власта одувек, не памтам да сум бил у опозиција!
4. Од пиење кока кола ми се дреме во собрание.
5. Затворот е големо искуство, и тоа е за луѓе – треба да се види, кој не отишол…

Животот на Македонците во Грција почна да се менува на подобро по договорот од Преспа

…СЕГА СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ГРЦИЈА, ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ…

Антонија како Шакира во „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на емисијата „Пинкови ѕвездички“, во кое учествуваат најдобрите изведувачи од претходните сезони на натпреварот. Откако ја слушнавме со изведбите на евергринот „I Will Survive“ од Глорија Гејнор и деби-синглот на Бритни Спирс – „Baby, One More Time“, годинашната победничка на „Макфест“ во најновата епизода се претстави со хитот „Whenever, Wherever“ од колумбиската колешка Шакира.

Струмичанката Ленче ги воодушеви Жељко и Јована Јоксимовиќ во „Никогаш не е доцна“

Започна и вториот круг на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, а во првата емисија настапуваше и Ленче Кукиќ од Струмица. Пред жирито и публиката се претстави со песната „Не иди од мене, злато мое“, а со нејзинита интерпретација ги воодушеви присутните во студиото и пред ТВ екраните.

Членови на жирито овој пат освен Саша Милошевиќ Маре, беа и Јована и Жељко Јоксимовиќ кои имаа само пофални зборови. Жељко на почетокот истакна дека е воодушевен од пеењето на Ленче и дека за малку ќе паднел од столица поради нејзиниот глас.

„Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секоја чест“, прокоментира Жељко.

Настапот на Кукиќ погледнете го во видеото подолу.

Скопјанецот Филип Пецовски расури во Zvezde Granda, го враќаа и на бис

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“. Неговиот настап погледнете го на 1:06

Дел од најубавите македонки кои се соблекоа голи

На нашата естрада дефинитивно многу ретко може да се види голотија, но екипата на „Ексклузив“ се потруди и најде дел од најубавите македонки кои се соблекоа голи за објективот.

Тамара Тодевска, Миа Костова, Катарина Ивановска….повеќе во видеото во продолжение:

На Заев му пикна филмот: “Никој не ме прашува како стигнав од 49 до 80 пратеници и колку време и енергија тоа ми зеде”

На Заев му пикна филмот: “Никој не ме прашува како стигнав од 49 до 80 пратеници, како ги постигнав договорите со Грција и Бугарија, колку време и енергија тоа ми зеде, сите само критики и само паметни се прават…”

Пешевски со порака до Никола Груевски: Врати се!

Владимир Пешевски по долг период вечерва се појавува во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21.

Тој од студиото на ТВ21 упати и порака до екс-премиерот Никола Груевски со која го повика да се врати.

Вечерва во 21 часот ексклузивно во отворено студио на 1ТВ гостин Гордана Јанкуловска

Отворено за подемот и падот во кариерата, за сите судски процеси во кои е обвинета. Дали го осудува бегството на Груевски и дали тоа ќе предизвика откривање на нови вистини?

Антонија уште еднаш воодушеви во „Ѕвездичките на Пинк“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на популарната музичка емисија „Ѕвездичките на Пинк“, во чии рамки се натпреваруваат најдобрите натпреварувачи од изминатите сезони. Младата пејачка, која годинава реди само успеси, во новата епизода посветена на мјузиклите настапи со евергринот „I Will Survive“, повторно добивајќи само позитивни критики од жирито.

Наум Петрески во емисија во живо на водителите на „Ексклузив“ им кажа: „Марш“

По скандалот за кој бруеше целата македонска јавност, а во кој нашиот познат пејач Наум Петрески јавно на социјалните мрежи повика на смрт на симпатизерка на партија, тој денеска повторно се надмина себе си.

Имено, додека одеше во живо емисијата „Ексклузив“, водителите Стефан и Нина телефонски сакаа да во вклучат во живо со цел да го прашаат за неговите закани. Пејачот крена телефон, но само кратко и јасно се обрати со зборот: „Марш“. (Погледнете после 26-та минута)

Повеќе…

Пејачот Дамјан Димевски го фрапираше жирито на Zvezde Granda

16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје му остави одличен впечаток на жирито на Ѕвезде Гранда. Тој од свои 14 години настапува на сцените на Гранд, каде минатата година дојде до финале. Оваа година се натпреварува со возрасните каде треба да се покаже исклучително знаење во пеењето како и перформансот.

Јелена Карлеуша во текот на настапот на неколку пати го пофали пеењето и изгледот, Марија Шерифовиќ остана без зборови, а Саша Поповиќ и самиот нагласи дека е прв кандидат кој ја оставил без зборови.

Погледнете ги и реакциите на жирито

Адам Лабунски после неколку сезони во „Пинкови ѕвезди“ си ја проба среќата во “Ѕвездите На Гранд”

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан

Професор по историја не знае кој бил составот на штабот на илинденското востание

Ицо Најдовски – Перин, професор по историја кој НЕ ЗНАЕ кој бил составот на штабот на илинденското востание и кој бил претседател на штабот на илинденското востание.
Исто така, не ја знае ни професијата на претседателот на штабот на ова востание.

Извадок [дел историја] од дебата на АЛФА Телевизија помеѓу:
– Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев [конзервативна партија]
– македонскиот активист во Австралија и историчар, Ицо Најдовски – Перин

Каква моќна интерпретација… Струмичанката Ленче Кукиќ растури во „Никад није касно“

И Ленче Кукиќ во музичкото шоу на Гранд ТВ „Никад није касно“, ќе се натпреварува во третата сезона, откако нејзиниот сопруг Горан победи во првата сезона 2016/2017-та.

Таа го помина првиот круг со моќната интерпретација на македонската народна песна „Катерино моме“, со која ги воодушеви и жирито и публиката.

Untitled.png

60-годишниот Гоце од Гостивар „растури“ во „Никогаш не е доцна“

Неодамна започнаа новите сезони на регионалните музички шоу, а меѓу нив и „Никогаш не е доцна“. Во првата емисија на ова музичко шоу имаше многу кандидати кои успеа да го покажат својот талент, меѓу кои и 60-годишниот Гоце Нестороски од Гостивар. Тој истакна дека долго време се занимава со музика и дека свири на хармоника, а сега одлучи да се претстави и на сцената на Гранд.

Тој настапи со песната „Скитница“ од Маринко Роквиќ, а жирито беше воодушевено од неговата изведба.