Телефонски разговори од сведок во “Рекет” на You tube? Бара да нема „војна“ со Заеви

Голема полициска акција вчера, уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот во „Александар палас“

Специјалците вчера, 07.12.2019 со десетици возила влегоа во Грчец, Арачиново и уште неколку скопски населби и села.

КАМЧЕВ ПОТВРДИ – ПРВО ЗА “РЕКЕТОТ” ПРИЈАВИЛ КАЈ ГОРАН НИКОЛОВСКИ ОД УБК И ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

“Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел”

Се воведува брз еколошки превоз во Скопје

Во Скопје ќе се воведува автобуско метро или брз автобуски превоз. Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за воведување на БРТ на територијата на град Скопје.

Заев: Судството остана последната тврдина од „заробената држава“

Премиерот Зоран Заев во јавно обраќање го навести почетокот на процесот на ветинг во судско-обвинителските кругови и ги повика антикорупциската комисија и Советот на јавни обвинители и судскиот совет да го помогнат процесот.

Премиерот Заев во Сараево ја прими меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“

Премиерот Зоран Заев вечерва во Народниот театар во Сараево ја прими меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ која им се доделува на странски државници за промоција на мирот, толеранцијата и разбирањето.
Според Комитетот за доделување на наградата, Заев не само што значајно ги унапредил односите во регионот на Западен Балкан, туки покажал и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО

Пуштена во употреба втората производна линија на ,,Еуроникел”

ИМПРЕСИВНИ БРОЈКИ ЗА “ФЕНИ” – до пред 2 години во стечај и долг од 70 милиони евра
ДЕНЕС – вложени 80 милиони евра, 15 милиони евра во втора производна линија, 1000 вработени со просечна плата од 550 евра, исплатени доверители, производство од 15 000 тони фероникел и 200 милиони долари приход годишно, учество со 2% од БДП на Македонија

Колона долга километри – помошта од Македонија тргна за Албанија

Против пожарни возила, возила за итна медициснска помош, лекари, специјалисти и друга помош од Македоноја е на пат кон Албанија. Овие снимки ги направи екипата на ТВ21 на автопатот во Косово.

Претходно во раните утрински часови веќе пристигна еден тим од пожарникари.

Владата одвои 100 илјади евра парична помош, како и општина Чаир, но и Црвен Крст, кој отвори и жиро сметки и телефонски броеви за донации.

Детската клиника доби најсовремен ехо апарат донација од Стопанска банка

Универзитетската клиника за детски болести од денеска опремена со врвен ултразвучен апарат со сонди соодветни за преглед на деца од сите возрасти.

62 компании ќе добијат пари од Фондот за иновации, ќе се вработат 360 лица

62 компании од 500 кои аплицирале на повикот за комерцијализација на иновации ќе добијат пари од Фондот за иновации и технолошки развој до крајот на годината.

По 3000 денари за младите од 18 до 23 години доколку работат во производствени компании

Младите од 18 до 23 години кои работат во производствени компании, а имаат социјално осигурување, ќе добиваат по 3000 денари додаток на нивната плата.

Шокантна снимка од насилство врз дете во Аеродром објавена на социјалните мрежи

Уапсена жената која тепаше дете во скопско кафуле, му била дадилка

Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, велат оттаму. Повеќе…

Русковска: Куќниот притвор за Јанева е срам за правосудството

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во разговор за Телма одлуката ја нарече голем срам за целото правосудство

Двојно зголемување на прагот за пратки кои нема да подлежат на царина

Министерството за финансии ги подготвува анализите за да го зголеми прагот од сегашните 45 евра на 80 до 90 евра за поштенски пратки за кои нема да се плаќа царина односно за кои само се плаќа ДДВ-то.

Славески: Владата го жртвува развојот на државата заради поткуп на гласачите

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОД ДПМНЕ Е ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, ПЕНЗИИТЕ И СОЦИЈАЛНОТО
Славески: Владата го жртвува развојот на државата заради поткуп на гласачите

Дуковски: Ако нема извоз, канабисот ќе го истуриме пред влада

Ако итно не се дозволи извоз на канабис, залихите ќе ги оставиме пред влада па нека ги јадат кравите, вели претседателот на здружението на производители на канабис за медицински цели „Макканабис“, Костадин Дуковски.

Смета дека Македонија има потенцијал да биде европски лидер во производство и одгледување на канабисот, но недостигаат закони и услови за бизнис. Ако итно не се донесат измените, предупредува дека фирмите ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

За прв пат по 16 години, Инженерискиот баталјон на АРМ доби нови и најсовремени машини

АРМ СЕ ПОДНОВИ
За прв пат по 16 години, Инженерискиот баталјон на нашата Армија доби нови и најсовремени машини, со што значително ќе се зголеми оперативната способност на Армијата во помош на граѓаните

Макрон за „Економист“: Македонија не доби датум заради Албанија

По француското вето за Македонија на октомврискиотСсамит, Макрон за ,,Економист” најавува подготвеност земјава да добие датум за преговори уште на самитот во март, но под услов и Унијата и Македонија да испорачаат реформи.

Наумче Мојсовски и Борко Ристовски со партиски дресови

СДСМ синоќа го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на партијата за предвремените избори во април. Во пресрет на изборите, партиските редови се збогатуваат и со познати имиња од спортот.