Извршителите ќе протестираат против новиот тарифник

Министерството за правда не попушта, извршителите незадоволни за намалувањето на наградата утре излегуваат на протест.

Позната македонска рок-група од Гостивар, “Ареа” изненади со нова песна

Позната македонска рок-група од Гостивар, “Ареа” ја промовира новата песна со видео запис насловена како “Те спомнувам”. Песната е целосно авторско дело на “Ареа” со текст, музика, аранжман и продукција. Спотот е сниман на неколку локации во Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот “Пинк Флојд”, под режисерската палка на Кристијан Шемко. Младите артисти кои го разубавија спотот и му дадоа посебна ведрина се : Ана, Маги, Лејла,Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан.

Уживајте!

ЕСМ (ЕЛЕМ) ќе купува своја опрема

Денеска директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски објави дека компанијата ја почнала постапката за набавка на помошна механизација.

Преку првиот тендер, кој според најавите е објавен денеска, треба да се набават вкупно 47 парчиња опрема за потребите на рудниците со јаглен и тие ќе ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра. Ковачевски најави дека идната година, ЕСМ ќе објави оглас и за набавка на таканаречена циклична механизација за потребите на рудникот, Брод – Гнеотино во вредност од 26 милиони евра.

Тоа значи дека заклучно со идната година, набавката на целата нова механизација би требало да ја чини ЕСМ 45 милиони евра.

Ковачевски денеска во прес-салата на Владата, заедно со премиерот Зоран Заев, објасни дека во третата фаза ќе се купуваат машини од двата вида, помошна или циклична, во зависност од тоа дали праксата ќе покаже дека има потреба за тоа.

„Алфите“ и ЈРМ се спојуваат во една единица

„Алфите” заминуваат во историјата – министерството за внатрешни работи прави реорганизација на безбедносните сили во Скопје со спојување на единицата за борба со уличен криминал и единицата за јавен ред и мир.

ГАФ НА НОВИНАРОТ НА ИНФОМАКС …ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ВКУПНО 240 КМ ПАТИШТА, КАЈ ГИ НАЈДОВТЕ 700 КМ РЕКОНСТРУИРАНИ ПАТИШТА

НЕВИДЕН ГАФ НА НОВИНАРОТ НА ИНФОМАКС …ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ВКУПНО 240 КМ ПАТИШТА, КАЈ ГИ НАЈДОВТЕ 700 КМ РЕКОНСТРУИРАНИ ПАТИШТА

ОПОЗИЦИЈАТА 7 ЧАСА ТЕРАШЕ ИНАЕТ, ДОДЕКА ЕЛЕНА ЧЕКА ДА СЕ ИЗГЛАСА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПРАВОТО НА ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА 7 ЧАСА ТЕРАА ИНАЕТ, ДОДЕКА ЕЛЕНА ЧЕКА ДА СЕ ИЗГЛАСА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПРАВОТО НА ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Целото видео погледнете го кај новинарот Furkan Saliu

Ќе се произведуваат шински возила, Владата потпиша договор со „Локо Транс“ од Чешка

Договорот го потпишаа министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови.

„Фабриката којашто ќе биде изградена во Скопје, ќе биде инвестиција помеѓу 15 и 20 милиони евра. Ќе се произведуваат транспортни шински возила, вагони. Тоа е многу слична фабрика, но многу пософистицирана на она што беше Колска во Велес на времето и мислам дека е добро да напоменеме дека и еден добар дел од вработените коишто ќе имаат желба да работат во новата фабрика од Колска и нивниот проблем ќе биде решен на овој начин, сите тие коишто ќе имаат капацитет и желба да продолжат со работењето во новата компанија Локо Транс ќе бидат преземени и ќе имаат можност својот работен век да го поминат во оваа компанија, бидејќи таа е компанија којашто ќе произведува шински возила за целиот свет.

Планирани се 250-300 нови работни места. Фабриката се очекува да биде завршена во периодот од почетокот на градба за некои 12-15 месеци и потоа да започне производниот процес. Производниот процес ќе биде комплетен, од почеток од репро материјали, па се до готов производ ќе се одвива во рамките на оваа фабрика“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа

Името на пратеничката Ременски се споменуваше уште пред отворањето на истрагата за случајот кога во дел од медиумите се споменуваше за инволвираност на извесна Фрики.

Македонското знаме и Елмас на промоција на календар на Наполи

Излезе во јавноста новиот календар на Наполи за идната 2020 година во кој учествуваа фудбалерите.
За нас секако најинтересен момент од видео-промоцијата е делот во кој девојката од спотот со својот фустан го симболизира македонското знаме, а во тој момент во кадарот е македонскиот фудбалски репрезентативец – Елиф Елмас кој е член на клубот

Струшка фабрика за месо проект реализиран со европски пари од претпристапните фондови на ЕУ

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски денеска ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

Почнуваат градежните работи за проширување на „Пластичарска улица“

Започна проширувањето на „Пластичарска“. Во првата фаза од градежниот зафат ќе се работи на делот клучката кај Бит Пазар до касарната „Илинден“.

Како би изгледал голот на Пандев од 40 метри ако коментираше Игор Трпевски

ГОЛ НА ПАНДЕВ ПРОТИВ ЛЕЧЕ
…од таму шутирај колку сакаш…

Сотир Костов ја со “шипак” ја „поздрави“ Бугарската академија на науки

Политичкиот аналитичар Сотир Костов вечерва во емисијата ,,Само вистина” покажа ,,шипак” за Бугарската академија на науки , која го негира македонскиот јазик.

Рака на срце, изгледа г-динот Костов малку се возбуди и направи ненамерна замена на првиот самогласник, па така наместо И, тој употреби У

Во Букурешт откриена бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски

“Денес во Букурешт, ја имам честа
да ја откријам бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски.

Нема сомнеж дека овој убав и вреден проект, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската.

Тој е колку симболичен, толку и суштински мост на одличните односи меѓу двете земји. 🇲🇰🇹🇩 ”

Нови снимки за „Рекет” на „Јутјуб”: Не знам, куферот не е кај Заев

Нови девет аудиоснимки повзани со случајот „Рекет” одекнаа на „Youtube”. На нив повторно се слуша глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев.

Македонецот Станковски ги пречека Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“

Македонецот Станковски ги пречека Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“
Станува збор за Никола Станковски, младо момче кое е дел од тимот кој со совршена синхронизација обавува разни задачи на носачот. Неговите родители се родум од Битола и Прилеп, а тој е роден во Чикаго.

Повеќе…

Од 1 јануари гасот од „Турски поток“ ќе потече кон Македонија и Грција

Од 1 јануари 2020 година ќе почне транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија, изјави извршниот директор на „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов.

Според него, компанијата ќе почне оваа недела да го полни со гас гасоводот од 11 километри и дека до 15 декември Бугарија ќе биде целосно подготвена за почеток на испорака на гас. Турција ќе се подготвува до 20 декември.

Пандев денеска – гол од 40 метри, го фаулираа за пенал и на крај доби црвен картон

Џенова пропушти да забележи важна победа на гостувањето кај Лече во меч во кој македонскиот капитен Горан Пандев имаше главна улога, одигрувајќи на крајот само 2:2.

Пандев беше клучниот човек за водството од 2:0 кое го имаа Џенова на полувреме, откако прво во 31. минута постигна навистина магичен гол од над 40 метри далечина, а потоа во судиското продолжение на првото полувреме над него беше направен пенал, кој Доменико Кришито го претвори во 0:2 водство.

Во второто полувреме Пандев успеа да добие два жолти картони за само четири минути (73. и 77. минута), оставајќи ги Џенова во тешка позиција да се одбранат во последните 15-тина минути со само 9 играчи на теренот.

Тамара Тодевска – најдобар интернационален артист на Кенга Маџик во Албанија

Тамара Тодевска со песната „Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.

„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.

 

Голема полициска акција вчера, уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот во „Александар палас“

Специјалците вчера, 07.12.2019 со десетици возила влегоа во Грчец, Арачиново и уште неколку скопски населби и села.

КАМЧЕВ ПОТВРДИ – ПРВО ЗА “РЕКЕТОТ” ПРИЈАВИЛ КАЈ ГОРАН НИКОЛОВСКИ ОД УБК И ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

“Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел”

Наташа Малинкова ја промовираше новата песна “Биди со мене”

Денес во етер излезе нова македонска песна од поп пејачката Наташа Малинкова, насловена “Биди со мене”. Малинкова и понатаму работи со тимот со кој досега направи повеќе песни кои ја освоија публиката, а тоа се Столе Аврамов кој се потпишува како композитор, миксот и мастерингот го работеа Аврамов и Маликова.

“Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде”, истакнува Малинкова.

“Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели – Даниел Данн и Марко Марк, а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство”, додава Малинкова.

Инструменталци во песната се Никола Дафов – Дафе на клавијатури, хармониката ја свири Александар Митревски, гитара Столе Аврамов, а пратечките вокали ги пејат Ѓоко Таневски и Наташа Малинкова.

Се воведува брз еколошки превоз во Скопје

Во Скопје ќе се воведува автобуско метро или брз автобуски превоз. Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за воведување на БРТ на територијата на град Скопје.