Видео: Како 12-годишно дете преживеа блиска средба со мечка

Како да се преживее блиска средба со мечка, покажа 12-годишно дете од Италија, кое покажа исклучителна смиреност и успеа да се извлече од потенцијалната закана.

Зоолошката градина Скопје, од денес е повторно отворена

По два и пол месеци под клуч, едно од најомилените места за забава и рекреација во главниот град – Зоолошката градина, од денес е повторно отворена за сите посетители.

Се избричил за прв пат после 10 години и ја шокирал неговата сопруга која никогаш не го видела без брада

Додека многу во карантинот пуштаат брада, професионалниот модел и амбасадор за производи на нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата за прв пат после 10 години

-Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило, вели тој

-Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада, вели Карлон и додава дека неговата жена која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада.

– Не се сеќавам дека сум бил ваков, вели Карлос отатко ја избричи брадата. За неговата сопруга Џена ова претставуа шок.

Над 15 милиони прегледи: Фрли „Corsa“ од 45 метри на трамболина

Поранешен инженер за специјални проекти на NASA и Apple, Марк Робер, има популарен YouTube канал на кој прикажува интересни инженерски проекти и научни експерименти

Верувале или не Белгиец има испеано песна за македонка на Евросонг

Поминаа 30 години откако Филип Лафонтен испеа песна посветена на Македонка, која и се спомнува во песната, отпеана на Изборот на песна на Евровизија. Имено, на 5-ти мај 1990-та година кога Евросонг се одржувал во Загреб, овој познат музичар ја претставувал Белгија со песната “Мојата Македонка” (Macédomienne), авторска песна која што е посветена на неговата сопруга од Македонија.

Токму на денешен ден тој го прославува својот 65 роденден и воедно одбележува јубилејни 30 години од постоењето на оваа песна, посветена на неговата македонка, песна со која своевремено освои многу срца на евровизиската публика.

Младиот и талентиран Христијан Настески-Пајак нов ексклузивец на “Урбан Рекордс”

Христијан Настески-Пајак, е талентирано деветнаесет годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент во прва година на студии по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шест годишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.

Pajak – Dark Side (OFFICIAL VIDEO)

Музиката и текстот за “Darkside” се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Bra!n, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo. Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од “Digital Box” и покрај малите проблеми со кои се соочиле за време на снимањето поради ситуацијата со коронавирусот, на крај се се завршило како што треба.

Пајак кој со “Hell Boy” и “Mama” се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на YouTube со хитот “Hell Boy”.

Пајак карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со “Урбан Рекордс” работат на многу нови проекти кои ќе ги слушнеме за многу брзо време, надевајќи се дека со секоја песна ќе допрат и ќе остават важна порака на публиката.

Во продолжение, погледнете го новиот спот за “Darkside”, која е веќе на трендинг позиција на YouTube во Србија и Босна, а во топ 3 во Македонија.

Африканската музичка легенда Мори Канте, најпознат по хитот “Јеке Јеке” почина на 70 годишна возраст

Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, кој во осумдесеттите години ја освои светската слава со хитот „Јеке јеке“, почина вчера на 71-годишна возраст во болница во Конакри, објави неговиот син Бала Канте.

Канте придонесе за зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот. Неговиот хит „Јеке јеке“ беше објавен во 1987. година и за кратко време продаде неколку милиони копии и го достигна врвот на музичките топ листи во многу земји.
„Канте страдаше од неколку хронични заболувања и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно заради коронавирусот“, рекол неговиот син, додавајќи дека неговото здравје се влошило нагло во последните денови.

Mory Kante Yeke Yeke

Дац и Александар со ракометарките го оживееа повторно хитот за Кометал ЃП

Како што е познато, денес се навршуваат точно 18 години од големиот успех на македонскиот спорт, а тоа е европската титула на Кометал ЃП.

Во епското финале на Лигата на шампионите славеше над Херц со 26-22 што беше повод за ерупција на Скопје, но и поширокот во нашата држава.

За одбележување на овој момент, денес се погрижи музичкото дуо Дац и Александар кои со помош на ракометарките од таа генерација повторно ја оживееа химната на клубот.

Во видеото со песната се наоѓаа и легендарните Индира Кастратовиќ, Андријана Будумир, Милева Велкова, Анџела Платон, Лариса Кисељева, Наталија Тодоровска, Ања Андрушенко, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Златановска како и тогашниот газда Трифун Костовски.

Градинките се подготвуваат да ги примат дечињата

Додека негувателките се тестираат, градинките се подготвуваат за да ги примат дечињата. Речиси во сите скопски градинки се врши дезинфекција на просториите, креветчињата и играчките.

Трет сет мерки: Картички со 9.000 денари за невработени, ваучери за одмор, викенд без ДДВ

Преземено од https://www.vlada.mk

Вредноста на мерките од третиот пакет изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5.5% од БДП.

– Околу 100 илјади граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.
Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

Но пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.

Оваа платежната картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

– Исто околу 100 илјади наши граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 ден

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи.
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка се поттикнува купување на домашни производи и услуги.

– Следува мерката парична поддршка за млади дo 6,000 денари,  платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи.

Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги.

Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади.

Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра.

– Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани

Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.

Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство.

–  Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020

Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, или добиле отказ од работодавачот.

Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот .

Почитувани,

Познато е, и докажани се искуствата кои укажуваат на тоа дека од секоја криза  најважно е да се извлечат поуки и да се прилагодат и прераспределат ресурсите за нов развој во нови услови. Затоа, Владата на Северна Македонија презема мерки и соодветни долгорочни чекори од здравствената, а со неа и од социо-економската и финансиска криза, да се создадат предуслови и  можности за структурни промени и раст.

За да го поттикнеме тоа, на мерките од претходните два пакета, го додаваме и новиот сет од овој трет пакет, како втор столб, за директна поддршка на македонското стопанство за иновативност и развој, за зачувување на постојните и отворање на нови работни места. Овој сет мерки содржи:

– Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот

Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании а истата ќе понуди и 30% грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење.

– Државна гаранција за комерцијални кредити и за обезбедување на царинскиот долг

Државата става на располагање финансиски средства за поддршка на за поддршка на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик. поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на РСМ.

– Нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација

Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите.

– Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании

Со финансиска поддршка од 1 милион евра ќе им помогнеме на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари.

– Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТР

Нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село. Директно го стимулираме отворањето нови сопствени бизниси.

– Кофинансирање на настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денари

Со финансиска помош од 245 илјади евра ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50% од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари.

Доаѓаме до третиот столб кој предвидува директна поддршка за земјоделците за нови приходи од плодната македонска земја

Со новиот пакет мерки во земјоделството вложуваме 76,1 милион евра.

– Првата мерка во овој дел е поддршката на аграрниот сектор од 5 милиони евра  преку Развојната банка

Со 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.

– Следува платежната картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците

По ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50%.

Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра.

– Воведуваме стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти

Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.

– Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор

Тоа ќе го направиме со поддршка на модернизирањето и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извозуваат.

Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и бруто домашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра.

– Воведуваме долгорочен закуп на пасишта

Преку оваа мерка овозможуваме издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот.

– Ќе понудиме окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство

Оваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и поголема конкурентност на македонското земјоделство.

– Воведуваме Програма за финансирање на микро земјоделски компании

Со 3 милиони евра ќе овозможиме финансирање на старт-ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка, но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.

– Мерки за модернизација на земјоделство

Со оваа мерка преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на земјоделството со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста.

Почитувани граѓани на нашата земја,

Здравствените работници во битката со КОВИД-19 се во првите редови и тие го заслужуваат целото наше внимание и благодарност.

Заради нивната посветеност, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 беа реални, остварливи.

Во име на таа посветеност и во знак на благодарност, во име на народот на нашата земја, докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, На Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, ќе добијат 20% повисока плата за 2 месеци, која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка.

Почитувани,

Во завршницата на ова мое обраќање, сакам да потенцирам дека на пакетот број 3 од економските мерки правиме поттик за една нова, развојна македонска економија, и стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда, а со тоа и нејзината конкурентност  во регионот и пошироко.

ДНК со нов спот, а во спотот Заев, Мицкоски, Боки 13, Ахмети, Есма, Тоше, Елмас, Стоилов

За некого овие денови на карантин и изолација се денови за седење дома и уживање, но ова не важи и за момците од ДНК кои постојано творат. Така е и сега – Панчо и Андреј имаат нова песна.

„Јави ми“ е насловот на темата, која веќе вообичаено излегува во исто време со спот, а кој повторно поместува граници. „Јави ми“ е дело на Панчо, кој е автор на текстот, и Лазар Цветкоски кој стои зад аранжманот, мастерингот, додека музиката им е заедничка.

Кога станува збор за спотот, пак, тој е една интересно спакувана анимирана приказна за која идејата е всушност да се долови зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и прилично несекојдневно издание. И воедно еден вид респект за секој поединечно, а кој е дел од проектот. Анимацијата, односно видеото е комплетно авторско дело на Никола Димов Nikola’s Art House (2020).

Во кадрите освен ликовите на Панчо и Андреј ги има и оние на Боки 13, Слаткар, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Симон Трпчески, Заев, Мицкоски, Ахмети, Антиќ, Каролина, Есма, Тоше, Ѓорѓи Колозов, Манасков, Стоилов, Лазаров, Пандев, Елмаз, Врчак, Лозано…

DNK – Javi mi (official video)

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба за само 14 дена, не 30 како што побара Владата

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба за нови 14 дена а не како што предлагаше Владата, 30. Причината за одлуката рече Пендаровски е од аспект на социо-економските мерки поврзани со пандемијата и никако не е поврзана со изборите.

Здравствените власти со оптимистички проекции за ширењето на вирусот

Оптимистички проекции на здравствените власти за ширењето на коронавирусот во земјава. Благодарение на строгите мерки, сметаат надлежните, намалена е стапката на заболување.

ЗА ПРВ ПАТ ПО 23 ГОДИНИ ИЗВОЗ НА МАКЕДОНСКО ЈАГНЕ ВО ЈОРДАН…

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Околу 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.

 

ЦЕЛАТА ИЗЈАВА

Скринигот почнува утре од градинките, ќе се тестираат 2 000 негувателки

Од утре ќе се тестираат околу 2000 негувателки за да се утврди дали се заразени од КОВИД 19, а немаат никакви симптоми, појаснува министерот за здравство Венко Филипче.

Анастасија Ражнатовиќ ја објави својата прва балада „Промашена“

По еден ипол месец од објавувањето на песната „Волим те“, Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ги израдува фановите со уште една нова песна.

Во песната „Промашена“ се зборува за љубовен бродолом на една девојка која неизмерно го сака својот маж, но го губи.

Автор на песната е Александра Милутиновиќ, а додека аранжманот и музиката се дело на Дарко Димитров.

Колегите со заедничка изведба на „Свирете ја зајди, зајди“ го поздравија Драган Вучиќ за последен пат

Група музичари заедно со Олгица Христовска во чест на Драган Вучиќ, го испеаа неговиот голем хит „Свирете ја зајди, зајди“ и се збогуваа од својот колега. Погледнете ја прекрасната преработка:

Роберт Билбилов и Тамара ја изненадија македонската публика со нивниот дует “Светот е”

Една година по огромниот евровизиски успех на “PROUD”, Роберт Билбилов и Тамара Тодевска ја изненадија македонската публика со нивниот нов дует за песната “Светот е”.

“Ова е песна за една безвременска љубов, таква љубов каква што сите ние посакуваме. Можеби во последните неколку недели нашите животи се променија и живееме во еден нов и поинаков свет, но музиката сеуште ја има моќта да не обедини сите. ” изјави Роберт Билбилов.

“Светот е” е авторско дело на Роберт Билбилов а режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски.

10.05.2020 Нови 20 заболени, но и 25 оздравени лица, за првпат по две недели нема починато лице

Нови 20 случаи на КОВИД-19 во земјава но и 25 оздравени лица на направени 275 тестови бележи дневниот билтен на Министерството за здравство.