„Ќе мине сè“ е песната со која велешките музичари му испратија охрабрувачка порака на светот, дека има излез од оваа ситуација…

„Ќе мине сè“ е насловот на песната со која велешките музичари му испратија охрабрувачка порака на светот, дека има излез од оваа ситуација со коронавирусот, но и дека таа не научи дека треба малите работи, а не парите, врските, добрите коли, славата и моќта, го прават човекот среќен.

Песната е снимена на музика од познатиот хит We are the world, која во 1985 година го изведоа тогаш најпознатите музичари на планетата, соединети во проектот USA for Africa, кој имаше за цел да собере пари за гладните во Африка.

Текстот за „Ќе мине сè“ го напиша еден од најпознатите македонски текстописци Огнен Неделковски, аранжманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев, а ја изведуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев.

„Ќе мине сè“ е снимена во Импакт продукција, а за миксањето и мастерингот се погрижи Темелко Андреевски. Извршен продуцент е Владимир Тевчев, продуцент на проектот е http://www.batali.net, а промотор е велешкото Радио 5 ФМ.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s