Американска „Дура“ почна со изградба на две нови фабрики во Бунарџик

Премиерот Оливер Спасовски ги посети производствените капацитети на американската компанија „ДУРА аутомотив системс“, која веќе го почна производството во својата прва фабрика и ги почна работите на изградбата на две нови фабрики во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Компанијата во првата фабрика со најнова технологија веќе произведува компоненти за водечките светски автомобилски компании, во втората фабрика ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, а во третата ќе прави алуминиумски ултралесни профили за електрични возила.

Трите фабрики на ‘ДУРА Аутомотив системс’ ќе вработуваат околу 1.000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високотехнолошки процеси. За истакнување е и намерата на компанијата за поддршка на нејзините фабрики да изгради и центар за истражување и развој, кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи и инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери и во кој ќе се врши обука за вработените.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s