ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО: Македонија преку Израел до најдобар пласман во евро-квалификациите!

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2020 година и на домашен терен, пред нешто повеќе од 5.000 гледачи и врнежливо време, славеше над Израел (1-0). Ова е прв домашен триумф против денешниот противник, по трите претходни неуспеси.

Благодарение на победата на домашен терен во Скопје, нашиот национален тим дојде до највисок евроквалификациски пласман, затоа што во групата заврши на третото место, нешто што никогаш не се случило досега. Сега фокусот е насочен кон плеј-офот во Лигата на нациите, каде следува дуел со Косово во март наредната година.

Предноста за Македонија ја донесе Николов, по еден изведен корнер од левата страна. Се играше втората минута од надополнувањето, кога голманот Харуш боксуваше, а топката се одби до фудбалерот од средниот ред, кој успеа да го најде патот до израелската мрежа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s