Шеќеринска им честита на новите 125 професионални војници кои денеска се придружија на Армијата

Денеска договори за работа добија нови 125 професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана радмила Шекеринска по тој повод упати честитки.

„Честитки за новите 125 професионални војници кои денеска се придружија на нашата Армија. Со новите измени на законите за служба во Армијата и за одбраната, предвидуваме дополнителни шанси и подобри услови и за војниците и за офицерите.“ – напиша таа на својот ФБ профил.

 „Ја подмладуваме Армијата и создаваме идни генерации кои што ќе ја претставуваат нашата земја како дел од најмоќниот военополитички сојуз. Тоа покажува дека овие две години од една страна го сработевме членството во НАТО, но од друга страна не ја заборавивме нашата Армија, обезбедивме поголеми буџети, успеавме да обезбедиме две години по ред зголемување на платите и успеавме две години по ред да примаме нови професионални војници.“ – додава Шекеринска.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s