Музиката нема граници, а тоа сè повеќе го докажува популарниот македонски хип-хоп артист Слаткаристика, кој зад себе има повеќе соработки со колегите од соседна Бугарија, а сега на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција. Имено, Слаткаристика штотуку ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружи со грчките колеги Слоган и Мосел.
Сето тоа е спакувано со видео што го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), а како изгледа и звучи првата македонско-грчка песна, дознајте во продолжение. Уживајте!