На Лина Пејовска и се исполни желбата – направи дует со Петар Грашо

Жирито во хрватската верзија на музичкиот натпревар „Ѕвезди“ имаше само пофални зборови за нашата Лина Пејовска кога младата пејачка се претстави со евровизискиот хит „My Number One“, а водителите уште тогаш ја прашаа со кого од жирито би сакала да запее во дует. Нејзиниот одговор беше Петар Грашо, а желбата ѝ  се исполни веќе со следното претставување во полуфиналето, изведувајќи ја со својот идол баладата „I Don’t Wanna Talk About It“ од Род Стјуарт.

„Никогаш во животот не би помислила дека еден ден сцената ќе ја делам со еден од најдобрите и највпечатливите вокали на Балканот. Ова е доказ дека ако не се откажуваш од целта што си ја замислил и ако даваш сè од себе, ќе ти се врати двојно и ќе им докажеш на сите што не верувале во тебе“, напиша Лина на Инстаграм и најави уште многу изненадувања.

Без изненадување, пејачката си обезбеди место и во големото финале кое ќе се одржи следната сабота, на 21 јуни, а интересно е тоа што токму на овој ден ќе го прослави и својот 17. роденден. Дали ќе има повод за двојна прослава ќе дознаеме наскоро, а во меѓувреме уживајте со нејзиниот дует со Петар Грашо, како и со претходните настапи во оваа емисија!

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s