Лина Пејовска ја освојува Хрватска

Откако ја освои српската публика во „Пинковите ѕвездички“, Лина Пејовска продолжува да го освојува Балканот и во хрватската верзија на овој натпревар наречен „РТЛ звијезде“. Во рамките на третата сезона, чија тема е „Летен хит“, 16-годишната пејачка ја отпеа евровизиската „My Number One“, со која Гркинката Елена Папаризу триумфираше на популарниот фестивал во 2005 година.

Жирито составено од Андреа Андраси, Тончи Хуљиќ, Нина Бадриќ, Петар Грашо и Бранко Ѓуриќ имаше само пофални зборови за нашата Лина. „Ти си совршена, прекрасна си, се движиш на сцената како да е твоја“, рекоа Андреа и Нина, а Тончи додаде дека кога некој доаѓа од Македонија, се знае дека убаво пее.

Својата прва песна Пејовска ја отпеа како дебитантка на „Макфест 2017“, кога настапи со баладата „Ако ме сакаш“, а уште еднаш воодушеви и на ланското издание на фестивалот со темата „Нема“. Иако вели дека повеќе сака балади, одлично се покажа и со побрзите песни, како што беше минатогодишниот хит „Топло-ладно“ и српската верзија „Одлучи се“, па додека го очекуваме следниот сингл од Лина, уживајте со нејзиниот прв настап во хрватските „Ѕвезди“!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s