Владата на СДСМ го наследила Миладиновци-Штип со 24 асвалтирани бандери и два слепи натпатници

Автопатската делница Миладиновци – Штип требаше да биде завршена во мај 2017 година, но кога ние ја преземавме власта во јуни истата година неговата реализација беше само 55 отсто, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во интервју за телевизијата 1 ТВ. Китанов посочи дека остатокот од 45 отсто го завршиле за околу една година, кога се соочиле со низа проблеми.

Дваесет и четири далекуводи имаше на патот, ни ги оставија асвалтирани. Вака далноводи стоеја на цел автопат и ова се тие готови патишта што ние ги кочиме и нејќеме да да ги пуштаме. Со добра организација и соработка со ЕВН ги изместивме сите далекуводи и почнавме со изграба на почеток на април 2018 и до нова година патот беше завршен – рече Китанов.

Во декември добиваме писмо од изведувачот Синохидро дека патот е готов и може да се пушти во употреба, но гледаме дека најмалку 25 отсто од безбедноста мрежа фали. Во проектот ја има, во предмет-пресметките ја има, но во договорот со Синохидро ја нема мрежата. Тука е проблемот и доаѓаат со ситуација како да ја изградите. Влеговте во преговори, земавме цена која најниска на друг пат, по што надзорот даде налог и изведувачот почна да ја изведува – истакна Китанов.

Директорот на ЈП за државни патишта вели дека во истиот период се соочиле уште проблеми со два слепи натпатници и со водоводна линија

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s