Проект „Брендирани млади органски салати“ на компанијата Аквапоника – од нива директно на трпеза

Проектот „Брендирани млади органски салати“ на компанијата Аквапоника има за цел да развие максимален квалитет во производството, а на потрошувачите да им понуди нова линија на млади органски салати и да ја зголеми довербата во органското производство во земјава.

Аквапоника: „Аквапоника е мало земјоделско стопанство, што се наоѓа во село Орешани, недалеку од Скопје. Се занимаваме со производство на органски зеленчук, а пред се на органски салати. Со овој проект кој е поддржан од #ФИТР на нашите потрошувачи ќе им понудиме нова линија на млади органски салати. Се работи за рукола, марула, спанаќ и блитва чии ливчиња не се поголеми од 10 сантиметри, а кои веднаш по бербата, токму тука, на нива, ќе ги измиеме и ќе ги спакуваме. По тоа ќе ги дистрибуираме, обидувајќи се целата свежина од нивата да ја донесеме во Вашата чинија дома.

На овој начин сакаме да постигнеме максимален квалитет, но и да ја зголемиме довербата на нашите потрошувачи во органското производство. Целата наша приказна ќе ја раскажеме во брендот што ќе биде развиен во текот на овој проект. Се надеваме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и останатите земјоделци да размислуваат на одржлив развој на органското земјоделство, а кај потрошувачите ќе поттикнеме здрави навики во исхраната, но и потрошувачки навики со поголема одговорност за животната средина.“

Компанијата Аквапоника е една од над 130 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Северна Македонија

Со првиот и вториот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 28 милиони евра. Се ангажираат над 780 лица, од кои 158 се нови работни места, со просечна плата од 45.000 денари.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s