Премиерот Заев на средба со норвeшката премиерка Солберг

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на неговата агенда од учеството на Минхенската конференција за безбедност, денеска се сретна со Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг, која од своја страна беше придружувана од министерката за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде.

Премиерката Солберг на средбата истакна дека Норвешка уште еднаш силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција, како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателката на норвешката влада му посака добредојде на премиерот Заев и на нашата земја во НАТО, каде што нашата земја веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на алијансата.

Норвешка во Република Северна Македонија гледа како на земја сојузник, и е подготвена да ја продолжи својата поддршка бидејќи смета дека нашата држава сериозно придонесува во европската агенда и е сериозно посветена на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s