Започна и вториот круг на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, а во првата емисија настапуваше и Ленче Кукиќ од Струмица. Пред жирито и публиката се претстави со песната „Не иди од мене, злато мое“, а со нејзинита интерпретација ги воодушеви присутните во студиото и пред ТВ екраните.
Членови на жирито овој пат освен Саша Милошевиќ Маре, беа и Јована и Жељко Јоксимовиќ кои имаа само пофални зборови. Жељко на почетокот истакна дека е воодушевен од пеењето на Ленче и дека за малку ќе паднел од столица поради нејзиниот глас.
„Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секоја чест“, прокоментира Жељко.
Настапот на Кукиќ погледнете го во видеото подолу.
Advertisements