Мина Блажев полека се докажува како една од најнадежните млади музички ѕвезди во Македонија, па откако нè претставуваше на минатогодишниот детски Евросонг, летово нè почести со хитот „Веќе нема“, а на првата полуфинална вечер на „Макфест 2018“ се рангираше на првото место според вкупниот резултат од жиријата и публиката.
На макфестовската сцена таа се претстави со темата „Во други души“, чиј автор на музиката, аранжманот и продукцијата е Роберт Билбилов, а стиховите ги потпишува Ивана Димова. Сето тоа веднаш доби и соодветна, црно-бела екранизација, која одлично ја дополнува песната и за која се погрижи режисерот Зоран Зонде Стојановски.
Advertisements