Екипата на Арсенал ја забележа првата победа на Интернационалниот Куп на шампиони во Сингапур и со убедливи 5-1 (1-0) го совлада францускиот првак Пари Сен Жермен.

„Светците“ на турнејата се без ниту една своја ѕвезда, па на терен истрчаа со шарен лик. Единствено звучно име беше Џиџи Буфон, кој мина нешто повеќе од едно полувреме меѓу стативите на францускиот тим и прими три гола.

Резултатот се отвори уште во 13. минута од мечот, кога погоди Месут Озил, по асистенција на Пјер Емерик Обамејанг. На пауза „топџиите“ заминаа со еден гол предност, потоа, Нкунку изедначи во 60. минута на 1-1 од пенал, а во последните 20 минути следеше експлозија во која паднаа три гола.

Двоен стрелец беше Александре Лаказет, кој постигна два гола во мрежата на Буфон. Францускиот фудбалер прво погоди во 67. минута, а потоа и во 71. минута за предност на Арсенал од 3-1. Точка на триумфот ставија Холдинг во 88. минута од средбата, како и младиот Нкетиа со погодок во самиот финиш. На двата последни гола, асистент беше 18-годишниот Рајс Нелсон.

Arsenal vs PSG 5-1 – All Goals & Extended Highlights – Friendly – 28072018 HD

Untitled.png

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s