Фудбалската репрезентација на Мексико ја оствари втората победа на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Кореја со 2-1. Мексиканците го потврдија епитетот на фаворити и поведоа со голот од пенал на Карлос Вела во 26.минута, а Хавиер Хернандез во вториот дел постигна и втор погодок за „сомбреросите“. Тоа беше 50.гол во репрезентативниот дрес за популарниот Чичарито.
Јужна Кореја многу доцна се разбуди, а најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Хјонг-мин Сон во третата минута од судиското продолжение го постигна почесниот погодок.