Младиот мигрант од Мали, 22-годишниот Мамаду Гасама, стана херој во очите на светската јавност откако се искачи по балконите на една зграда во Париз за да спаси четиригодишно дете кое висеше од балконот на четвртиот спрат.

По неверојатниот подвиг кој е снимен на видео кое брзо се прошири низ социјалните мрежи со неколку милиони прегледи, властите одлучија да му дадат француско државјанство. Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго, го пофали неговиот „чин на храброст“, додавајќи дека и лично му изразила благодарност. Таа е првата која го нарекла „Спајдермен од 18-тиот“ кој се однесува на округот каде се случил настанот.

Во знак на благодарност „херојот од Париз“, кој  го доби прекарот Спајдермен, денеска беше почесен гостин во Елисејската палата каде што го прими лично францускиот претседател Емануел Макрон и го одликува со највисоко признание за неговото хумано и несебично дело. Макрон му вети и добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарската служба.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s