Во Ерусалим се појави светиот оган

Светиот оган секогаш се чека на исто место и во исто време – во црквата на Воскреснувањето на Исус Христос, однос Господовиот Гроб, на Велика Сабота пред пладне.

Светиот оган го претставува пламенот кој чудесно се појавува на Светиот Гроб во Ерусалим на Велика сабота, пред православниот Велигден.

Појавата на Светиот оган според верниците претставува видлива појава на Светиот Дух и потврда на воскресението на Исус Христос.

Богослужбата на Велика сабота во храмот на Светиот Гроб, литургиски потсетува на случувањата на Христосовото страдање и погребот, и воедно претставува вовед во неговото воскресение.

Благодатниот оган е едно постојано Божјо чудо што секоја година се случува на Велика Сабота, во Господовиот Гроб во Ерусалим. Светиот Оган е натприродно собитие, а тоа се гледа од начинот на кој се појавува, од тоа што пламенот во почетокот не изгорува, како и од фактот што тој предизвикува душевна промена кај многумина што се удостоиле да го видат.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s