Деби од соништата за 16-годишник – одбрани пенал, па прсна во плач на клупата за резерви
Полскиот шампион Киелце е блису до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) по вчерашната убедлива побед во дуелот со Рајн Некар Левен (41-17) на Филип Талески, кој одигра со својот младински тим поради несогласувањата со Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Победникот беше решен уште на самиот старт, а убедливата предност му дозволи на Талант Душебаев да му даде шанса на младиот голман, Милош Валач. При резултат 35-14, 16-годишникот застана на голот да брани седмерец, а публиката се погрижи да му даде максимална поддршка, скандирајќи го неговото име.
Advertisements