Кадир Нумановик (13 г. Велес) – “Lapsus” | Neki Novi Klinci 28.11.2017

Кадир Нумановик доаѓа од Велес и има 13 години. Тој настапи во шестата емисија на шоуто “Neki Novi Klinci” со “Lapsus” од Саша Ковачевиќ и доби 6 гласови од жирито, но сепак не се пласираше во вториот круг

Прв гол на Адеми во дресот на Динамо по суспензијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по речиси две и полгодишна пауза го постигна првиот гол во дресот на Динамо Загреб.

Адеми беше стрелец на третиот погодок за Динамо во победата од 4-2 над Истра во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Хрватска.

„Македонска селска гајда“ е првенчето на Петар Ангелевски

„Македонска селска гајда“ е насловот на првото оро на младиот гајдаџија Петар Ангелевски. Во демирхисарскиот крај тој неодамна снимаше видео за неговото првенче, во соработка со „ИН продукција“.

22-годишниот музичар, родум од демирхисарското дело Стругово, ја негува гајдата од 14-годишна возраст. Покрај овој традиционален дувачки инструмент, Петар изучува зурла и кларинет. Тој веќе долги години е играорец и член на КУД „Илинден“ – Битола и имал можност да се запознае со повеќе дувачки инструменти, но вели дека од сите нив најмногу ја засакал гајдата.

Преземено од http://setaliste.com.mk

Ретро забава во новото видео на Сиа за „Santa’s Coming For Us“

Австралиската дива Сиа неодамна го објави својот прв празничен албум, „Everyday Is Christmas“, кој беше најавен со веселиот сингл „Santa’s Coming For Us“. Токму оваа песна деновиве доби интересна и ретро екранизација, навраќајќи се кон педесеттите години од минатиот век.

Имено, целата приказна е празнична забава, а главните улоги ги имаат познати филмски и телевизиски актери, меѓу кои Кристен Бел, Дакс Шепард, Хенри Винклер, Сузан Лучи, Софија Лилис, Вајат Олеф и Кејлеб Меклафлин, а додека сите тие се забавуваат, ги посетува Дедо Мраз, кој го игра Џеј Би Смув. Како изгледа сето тоа можете да погледнете.

Погледнете го настапот на нашата Мина Блажев на детската Евровизија

Мина Блажев оваа година ја претстави Македонија на детската Евровизија. 14-годишната пејачка ја освои сцената во Тбилиси, Грузија, со песната „Dancing Through Life“.

Младата пејачка имаше одличен настап на евровизиската сцена, а според гласовите и од стручното жири и од публиката, нејзината песна се пласираше на 12. место, што воедно е седми пат за Македонија да го има овој пласман.

Мрежасти хулахопки и корсет: Тијана никогаш поразголена на сцена

Тијана Дапчевиќ секоја недела изненадува на „Твоето лице звучи познато“.

Во последната емисија, таа настапи во улога на Тејлор Свифт.

На сцената се појави во кожен корсет, со мрежасти хулахопки и високи чизми и заводливо танцуваше како светската ѕвезда.

Велешанецот Александар Темелков направи хаос на сцена: Карлеуша го крена во раце затоа што пееше дека е дебела

Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.

Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна.

Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.

Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена.

 

По овој настап, Александар ги доби сите гласови.

Спектаклот на навивачите на Вардар во петте најдобри навивачки групи во Европа за изминатата недела (13 – 19.11.2017)

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ минатиот викенд прославија 30 години од нивното постоење.

Покрај оваа прослава „Комитите“ го прославија и 70 годишното постоење на својот омилен клуб, ФК Вардар.

Кога ќе се поврзат овие две работи, не може да се очекува ништо помалку од еден голем спектакл, каков што и приредија фановите на Вардар.

За тој спектакл покрај во нашата држава, видоа и во другите делови во Европа.

Поради тоа „Комити“ и се најдоа во топ-5 навивачки групи во Европа за изминатата недела.

5.Комити Скопје

4.Делије- фановите на Црвена Звезда

3.Фановите на француски Бордо

2.Лешинари- фанови на Борац Бања Лука

1.Фановите на Легија Варшава

Погледнете го трејлерот за најновиот Македонски филм “Исцелител”

Филмот е приказна за еден млад човек, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко, што ќе доведе до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации.

Погледнете ја првата проба на Мина за детската „Евровизија“

На 26 ноември, во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното, 15. по ред издание на детската „Евровизија“, во чии рамки ќе се натпреваруваат вкупно 16 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Како што е познато, нашата претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing Through Life“, а сега имаме можност да видиме како ќе изгледа и звучи сето тоа на сцената во Олимписката палата во Тбилиси, благодарение на снимките од првата генерална проба.

Тијана како Цезар во евровизиското издание на „Твоето лице звучи познато“

Евровизија“ беше темата во последната епизода од популарната емисија „Твоето лице звучи познато“, каде што учесниците имитираа дел од најпопуларните и највпечатливи изведувачи во историјата на фестивалот. Кончита Вурст, Марија Шерифовиќ, Руслана, Жељко Јоксимовиќ, Тајчи и „Лорди“ беа само дел од ликовите што настапија во шоуто, а нашата Тијана Дапчевиќ уште еднаш ја видовме во улога на маж.

Имено, пејачката доби задача да го имитира контроверзниот контратенор Цезар, кој со темата „It’s My Life“ ги бранеше боите на Романија во 2013 година, освојувајќи го 13. место во финалето.

Нант – Загреб | Лудиот финиш во Нант што вреди да се погледне

Нант и Загреб одиграа неповторлив натпревар во кој по голема битка славеше тимот на нашиот Кире Лазаров со минимални 28-27.

Францускиот тим поведе со 27-26 на помалку од триесет секунди до крајот, по што Касим Каменица побара тајмаут. Загреб тргна „седум на шест“ и постигна гол преку Вуглач, но тоа малку им вредеше на гостите бидејќи Нант експресно реагираше и постигна гол од центар во празната мрежа, бидејќи Скок не се врати навреме на теренот.

И тоа не беше се, Загреб имаше доволно време за уште еден напад и чист шут, но Думулан го запре зицерот на гостите и донесе огромна радост меѓу домашните фанови и ракометари.

Јусуфи против Шкупи…како на времето Бразилецот Роналдо

Ренова загуби на гостувањето на Чаир против Шкупи со 4-1, но единствениот гол што го постигна Фатјон Јусуфи беше вистинско ремек дело. Во стилот на Бразилецот Роналдо, кој своевремено додека играше во дресот на Барселона ја зема сам топката од своето поле, ги мина противничките фудбалери и постигна гол.

Слична акција успеа да направи и Фатјон Јусуфи. Тој ја освои топката во сопственото поле, во соло пробив дојде до 20 метри од голот на Шкупи, и ’распали’ постигнувајќи прекрасен гол.

Избрана новата Мис на светот, по 17 години круната ја враќа во Индија

Индиската убавица Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година.

Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана.

За прва придружничка е избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка е Британката Стафани Хил.

Чилар е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, и круната ќе ја врати во Индија после 17 години.

 

Македонецот на „Ѕвездите на Гранд“ пееше за поранешната, а зад сцената го бодреше сегашната

Александар Стевановски од Крива Паланка минатата сезона во Ѕвездите на гранд направи вистинско „шоу“ за паметење, а оваа сезона повторно се појави иако тогаш беше одбиен од жирито.

Александар минатата сезона објасни дека неговата девојка Бојана му поставила услов ако помине во следниот круг од натпреварот де ка тие ќе се смират.

Меѓутоа тоа не се случи тогаш, а оваа сезона тој се појави повторно, но овој пат со неговата девојка Сања која му беше поддршка.

-Ти си нешто најодвратно што го имам слушнато, вели Карлеуша, додека Александар на тоа додадол дека тоа за него било комплимент.

-Тоа е навреда, а не комплимент. Ти си најлошиот кандидат кој некогаш пеел на оваа сцена, завршила Карлеуша.

Иако тој си го средил животот, тоа не се случило и со неговото пеење и тоа останало лошо, вели Карлеуша.

Настапот на Александар започнува од 1 часот и 3 минути, погледнете.

Магдалена Алексовска (Скопје) – I Surender | Pinkove Zvezdice 17.11.2017

Магдалена Алексовска од Скопје ја отпеа I surender од Селин Дион. Магдалена има 15 години и со својот глас и талент го воодушеви жирито. Иако прво ги доби сите 5 гласа, Гоца го повлече својот па Магдалена мораше да оди во бараж каде за жал не се пласираше во вториот круг.

 

Тасев со одличен ремикс на „New Rules“ од Дуа Липа

Штипскиот диџеј и продуцент Тасев, кој е актуелен и со одличната соработка со колегите Манев и Анастасија за темата „Without You“, деновиве го објави своето најново музичко парче. Станува збор за ремикс на хитот „New Rules“ од британската ѕвезда со косовско потекло, Дуа Липа, а сето тоа спакувано со интересно видео можете да го слушнете и видите во продолжение. Уживајте!

Диџеј Харис направи ремикс на летниот хит „Дојди“ од Викторија Лоба

Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името диџеј Харис, деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера Дојди, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал – „МАРС 2017“.

Харис, со својата преработка во ѝ дава посебен шмек на песната, а како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Тејлор Свифт ја претстави „New Year’s Day“

Откако го објави мошне очекуваниот албум „Reputation“, Тејлор Свифт започна со промоција на новиот материјал, гостувајќи во најпопуларните емисии во САД, меѓу кои и шоуто на Џими Фелон. Токму таму пејачката премиерно ја изведе темата „New Year’s Day“, која за разлика од претходните „одмазднички“ песни, во кои обожавателите со задоволство дешифрираа скриени пораки од својата миленичка, е мошне поедноставна и пооптимистична балада, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Александра Јанева со целосна трансформација за новиот сингл „Бам бам“

Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалски евергрин рефрени, направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“, снимена во соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).

Луис Фонси и Деми Ловато ги здружија силите за „Échame La Culpa“

2017 е дефинитивно година на Луис Фонси! Порториканскиот музичар ја започна годината со ултрахитот „Despacito“, кој освен што му донесе светска слава, милионски прегледи и преслушувања на сите музички платформи на Интернет, придонесе да биде најголемиот победник на вчерашното доделување на Латино Греми наградите, освојувајќи 4 сребрени грамофони, меѓу кои и за песна и за снимка на годината!

Но, неговите 5 минути сè уште не се завршени. Имено, пејачот кој на 24 ноември ќе настапи во Белград, ги здружи силите со неговата американска колешка Деми Ловато за новиот потенцијален хит насловен „Échame La Culpa“ или „Обвини ме мене“, чие видео можете да го погледнете.

Селекторот на Алжир „дивееше“ на прес-конференција: Замолчи, замолчи, замолчи…!

Вистинско шоу се одвиваше на прес-конференција на репрезентацијата на Алжир по победата од 3-0 против Централната афричка република.

Селекторот на Алжир, Рабах Мадјер полуде по едно наизглед нормално прашање упатено кон нивниот најдобар фудбалер и член на Лестер, Махрез: „Како ја оценуваш денешната игра на Алжир?“.

Но, на Мадјер очигледно не му беше важно какво е прашањето туку кој го поставува затоа што од поодамна имал нетрпеливост со новинарот.

Гори Инстаграм: Анастасија на Цеца меша со задникот на „Текила и лимон“ на Елена Ристеска

Македонците можеби се поделени во тоа колку им се допаѓа најновата песна на Елена Ристеска „Текила и лимон“, но затоа пак во Србија таа е огромен хит.

Тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која токму на оваа песна игра пред огледало во еден салон за убавина, а нејзиниот пријател ја снима.

Објавата за само еден ден има околу 140 илјади прегледи од профилот на Анастасија која пее и меша со задникот, а со тоа потврди дека ова е една од нејзините омилени песни периодов.

Поради силните оркански ветрови во Хрватска – камион на две тркала

Поради силните оркански ветрови, автопатот Ријека – Загреб е затворен за сообраќај за товарни возила и по него може да се сообраќа само со автомобили.

Но еден возач на камион решил да ја игнорира забраната.

Погледнете како се бореше со ветрот.

Најинтересниот момент е меѓу 30тата и 45 секунда

Девојката од Деспасито е бомба (видео)

Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој бурно реагираше на одлуката бидејќи мислел дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена.

Пратеникот Павле Богоевски во Фчерашни новости тераше мајтап на своја сметка

Пратеникот Павле Богоевски беше дел од скеч на емисијата Фчерашни новости каде тераше мајтап на своја сметка, за неодамнешното негласањето на мерките за подобрување на човековите права.

– Тоа беше техничка грешка. Имаше доволен број пратеници за гласање, но пратениците од мнозинството, можеби дека беше прва точка, беа дефокусирани па не гласаа. Инаку имаше доволно пратениците да бидат изгласани препораките на омбудсманот – изјави тогаш Тунтев.

Пред 20 години испеа една од најубавите македонски песни, а еве како изгледа денес

Пред дваесетина години на „Макфест“ испеа една од најубавите македонски песни на сите времиња.

Станува збор за Цветанка Глигорова, која во 1995 година на овој наш престижен музички фестивал ја изведе познатата „Не биди слеп”

Денес Цветанка живее во Кавадарци, но и понатаму се занимава со музика. Таа има свои настапи низ цела Македонија, а забавите кои ги прави се паметат многу долго.

 

Сара Гигова (13 г. Скопје) – Смеј Ми Се Смеј | Pinkova Zvezdice 10.11.2017

Сара Гигова има 13 години и е од Скопје. Таа настапи во четвртата емисија на Pinkove Zvezdice каде што ја отпеа “Смеј Ми Се Смеј” од Каролина Гочева и ги освои сите пет гласови од жирито. Уживајте во настапот наСара.

Мелина Петковска (8 год. Скопје) – Македонско Девојче | Neki Novi Klinci 07.11.2017

Мелина Петковска од Скопје има само 8 години и е една од најмалите натпреварувачи во шоуто Neki Novi Klinci. Таа ја отпеа “Македонско Девојче” и со 4 гласа се пласираше во баражот но не се пласирше во вториот круг. Погледнете го настапот на малата Мелина