Погледнете го „Дете“ – Македонски краток филм за виртуелното бегство

Погледнете го студентскиот краток игран филм на режисерот Раша Петровиќ, „Дете“. Да се влезе поблиску во животот на еден пасиониран гејмер и да се доживее неговото секојдневие – тоа била идејата на режисерот, кој е апсолвент на Филмската академија во Штип. Судбината на кратките филмови многу често е „тажна“, односно мала публика може да ги види на премиера или на некој фестивал.

-Во една многу кратка форма филмот се занимава со безизлезноста која ги турка луѓето во виртуелно бегство, социјална и општествена неизвесност, чувство на отфрленост и маргинализација, но понекогаш и личната неодговорност пред секојдневните животни предизвици. „Дете“ е филм за една реалност што се случува во Скопје, а сепак е приказна која е многу пошироко распространета и се случува насекаде низ светот – вели Петровиќ. Филмот е работен ентузијастички, без буџет, благодарение на желбата на целата екипа. Улогите ги толкуваат: Гораст Цветковски, Јелена Јованова, Ѓорѓи Јолевски, Викторија Анѓушева и Анастас Тановски.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s