ПАРОДИЈА од Шкендија: „Здраво Милан, како си…? Тетовците ја сакаат Моника Белучи, ама“.. (ВИДЕО)

Веројатно за многумина не ќе биде баш за верување, но тетовска Шкендија преку официјалните свои медиуми се одлучи да му се претстави на Милан, пред двете меѓусебни пресметки во Лигата на Европа, на специфичен начин преку интересно видео со хумористични елементи…

„Драг Милан, ние сме Шкендија“ – почнува видео пораката на ФК Шкендија со која сака да му се претстави на италијанскиот гигант, притоа надополнувајќи со сите интересни детали од градот кои компаративно се поврзуваат со Италија.

„Тетовците ја сакаат Моника Белучи, ама Италијанците се луди по тетовскиот актер Блерим Дестани! Капацитетот на вашиот стадион е 80.000, а нашиот град брои 100.000 жители. Вие испративте скаути да не гледаат откако се квалификувавме, а ние имаме скаути кои ве следат постојано… Вие ги украдовте нашите дресови од 1994 година, но нема да правиме проблем од тоа… И, додека вие одите до Кина по спонзор, нашиот главен спонзор е Еколог од Тетово – глобален лидер“ – се дел од пораките кои тетовци им ги испраќаат на „миланезите“ пред меѓусебните пресметки.

Впрочем, погледнете сами…

Dear AC Milan, we are KF Shkëndija ! Ci vediamo amici

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s