ВИДЕО: Миленко со кршењето на споменикот стигна до бугарската државна телевизија

Откако Миленко Неделковски на Фејсбук објави дека се качил на Кајмакчалан за да го искрши бугарскиот споменик, за ова извести и бугарската државна телевизија БНТ.

Milenko na bugaRSKA televizija

ВИДЕО: Тепачка на украински пратеници по ТВ дебата

Пратениците на Врховната Рада, Александар Вилкул и Владимир Парасјук се истепаа пред новинарите во украинската телевизија „112“.

Инцидентот се случи по снимањето на емисијата „Вечерна програма“ во која пратениците не можеа да се сложат за тековната ситуација во Украина.

По емисијата Владимир Парасјук го сочека својот опонент надвор од студиото, по што ја почна тепачката, а мораше да се вмеша и обезбедувањето на телевизијата.

Парасјук се закани дека ќе го демолира автомобилот на Александар Вилкул.

Тој додаде дека неговиот сопарник е агент на Кремљ од каде била донесена војната во Украина.

„Вилкул треба да се ликвидира, да се депортира, од него да не остане трага, рече Парасјук.

Tepacka na Ukrainski pratenici

Ден Талевски ја лансираше новата „Ракета“

Младиот канадски пејач со потекло од Македонија, Ден Талевски, е на добар пат да го освои светот. Тој денеска го претстави својот најнов сингл и видео запис насловен „Rocket“, чиј заразен ритам потсетува на хитот „Wanna Be Startin’ Somethin’“ (1982) од Мајкл Џексон, како и „Wrapped Up“ (2014) од Оли Мрс.

Dan Talevski – Rocket

Потенцијалниот хит e четврт по ред, официјален сингл на Талевски, кој во ноември ќе настапува како домашна поддршка на концертите на Ник Картер (Бекстрит бојс) во Канада.

Premier League 2016, Week 5, Highlights

Chelsea 1:2 Liverpool (D. Costa 62′ / D. Lovren 17′, J. Henderson 36′)

West Brom 4:2 West Ham (N. Chadli (pen.) 8′, J.S. Rondon 37′, J. McClean 44′, N. Chadli 56′ / M. Antonio 61′, M. Lanzini (pen.) 65′)

Everton 3:1 Middlesbrough (G. Barry 24′, S. Coleman 42′, R. Lukaku 45’+1 / A. Negredo 21′)

Leicester City 3:0 Burnley (I. Slimani 45’+1, 48′, B. Mee (og) 78′)

Manchester City 4:0 Bournemouth (K. de Bruyne 15′, K. Iheanacho 25′, R. Sterling 48′, I. Gundogan 66′, Nolito – rec card in 86′)

Hull City 1:4 Arsenal (J. Livermore – red card in 40′, R. Snodgrass (pen.) 79′ / A. Sanchez 17′, 83′, (miss. pen. in 41′), T. Walcott 55′, G. Xhaka 90’+2)

Waford 3:1 Manchester United (E. Capoue 34′, J. C. Zuniga 84′, T. Deeney (pen.) 90’+5 / M. Rashford 62′)

Southampton 1:0 Swansea City (C. Austin 63′)

Crystal Palace 4:1 Stoke City (J. Tomkins 9′, S. Dann 12′, J. McArthur 72′, A. TOwnsend 75′ / M. Arnatuović 90’+4)

Spurs 1:0 Sunderland (H. Kane 59′ / A. Januzaj – red card in 90′)

„Аква“ (Aqua ) слави 20 години од објавувањето на „Barbie Girl“

Можете ли да верувате дека поминаа речиси 20 години откако данската група „Аква“ нè развесели со синглот „Barbie Girl“? Ако не сте биле ни родени во тоа време, знајте дека тогаш баш секој ги знаеше стиховите на таа песна, без оглед дали им се допаѓала или ги нервирала.

Во далечната 1997 година, песната се најде на првото место во Велика Британија и на седмото во САД, а албумот „Aquarium“ беше продаден во 14 милиони примероци ширум светот. Следниот албум „Аquarius“ не доживеа толкав успех, па се најде на, и понатаму високото, седмо место во Велика Британија.

Бендот се распадна во 2001 година, но повторно се обедини во 2008, а следната година ја објавија компилацијата „Greatest Hits“. Но, тоа не е сè! Во 2011 година излезе и нивниот трет студиски албум „Megalomaniac“, кој беше вистински хит во Данска.

Токму Данците најмногу ќе се радуваат на веста дека следната година „Аква“ планира голема турнеја низ родната земја, во чии рамки ќе го прослави 20. роденден на својот најпознат хит „Barbie Girl“.

Повеќе на http://www.radiomk.com

Akva slavi 20 godini

„Баклава“ го промовираа видеото за „Рубин“

Музичката група „Баклава“ деновиве го промовираше видео записот за актуелниот сингл насловен „Рубин“, кој го најавува и новиот албум што е во фаза на снимање. Музиката и текстот се на Елена Христова и Дејан Сибиновски. Снимено во студиото„Чикен меднес“ (Chicken Madness), од Бојан Угриновски, а микс и мастеринг од Дарко Спасовскии Горан Керкез.

Екранизацијата на „Рубин“, која воедно ќе биде дел од саундтракот за филмот „Златната петорка“, е во режија на Сибо, директор на фотографија е СалеКа, костимографија на Елена Балкава во соработка со студио „Матра“ и „Баргала“, за шминката се погрижи студиото на Дадар. Актери се Елена, Дејан, Владе, Сибо и Рубенс, а танцот е базиран врз кореографијата од Јована Зајкова.

Повеќе на http://www.radiomk.com

Baklava so nov spot

Македонец ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Христијан Тришоски (24), младиот талентиран музичар од Кичево е Македонецот кој ќе го скрши мразот на новата гламурозна сцена во студиото и ќе ја отвори новата сезона на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, претстојниот викенд, во сабота на 24 септември со почеток во 20 часот започнува 11. по ред телевизиска сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а честа прв да настапи на новата сцена ја има токму нашиот Христијан Тришоски.

Тришоски со музика започнува да се занимава уште од петто одделение кога за прв пат почнува да посетува приватни часови по музика. Своето образование Христијан го продолжил како теоретичар во средното музичко училиште во Битола, а часови по соло пеење почнал да посетува веќе на 17-годишна возраст. Часовите по соло пеење му помогнале да го одреди својот музички правец и да продолжи како соло пејач на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Христијан Тришоски е роден на 31 јануари 1992 година, а зад себе веќе има искуство како музички професор во основното училиште „Христо Узунов“ во Кичево. Неговата музичка група „Нота Бенд – Тришо“ брои 5 членови: Христијан Тришоски – вокал, Бојан Кузманоски – клавијатура, Даниел Божиноски – саксофон, Дејан Богданоски – тапани и Илија Калески – хармоника.

Повеќе на http://www.radiomk.com

Makedonec ja otvara novata sezona na Zvezdite na Grand

Јелена Карлеуша ја загреа атмосферата во студиото на снимањето на првата емисија на “Ѕвездите На Гранд”

Јелена Карлеуша е секогаш подготвен за добра забава, а дека забавата е дел од нејзиниот живот ни покажа и на  вчерашната снимање на шоуто “Ѕвездите на Гранд” кога атмосферата во студиото ја доведе до точка на вриење.

Таа покажа како е кога ќе ве понесе ритамот, и заигра во текот на настапот на еден од натпреварувачите кој ја пееше “Температура” од Саша Ковачевиќ.

Jelena Karleusa ja zagrea atmosferata vo studioto

UEFA Champions League 1st Leg Group Stage, Highlights

➤ UEFA Champions League
➤ Paris Saint Germain 1 – 1 Arsenal (Edinson Cavani 1′ / Alexis Sanchez 78′)
➤ 13/09/2016
➤ UEFA Champions League
➤ Bayern Munich 5 – 0 FC Rostov (Robert Lewandowski (pen.) 28′,Thomas Mueller 45′, Joshua Kimmich 53′, Joshua Kimmich 60′, Juan Bernat 90′)
➤ 13/09/2016

13/09/2016
UEFA Champions League, Barcelona 7 – 0 Celtic (Lionel Messi 3′, 27′, 60′, Neymar 50′, Andres Iniesta 59′, Luis Suarez 75′, 88′)

13/09/2016
UEFA Champions League, Benfica 1 – 1 Besiktas (Franco Cervi 12′ / Anderson Talisca 90′)

13/09/2016
UEFA Champions League, Basel 1 – 1 Ludogorets Razgrad (Renato Steffen 80′ / Jonathan Cafu 45′)

13/09/2016
UEFA Champions League, Dynamo Kyiv 1 – 2 SSC Napoli (Denis Garmash 26′ / Arkadiusz Milik 36′, 45′)

13/09/2016
UEFA Champions League, PSV Eindhoven 0 – 1 Atletico Madrid (Saul Niguez 43′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Juventus 0 – 0 Sevilla

14/09/2016
UEFA Champions League, FC Porto 1 – 1 FC Koebenhavn (Otavio 13′ / Andreas Cornelius 52′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Tottenham Hotspur 1 – 2 Monaco (Toby Alderweireld 45′ / Bernardo Silva 16′, Thomas Lemar 31′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Club Brugge 0 – 3 Leicester City (Marc Albrighton 5′, Riyad Mahrez 29′, (pen.) Riyad Mahrez 61′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Real Madrid 2 – 1 Sporting CP (Cristiano Ronaldo 89′, Alvaro Morata 90′ / Bruno Cesar 48′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Manchester City 4 – 0 Borussia Moenchengladbach (Sergio Aguero 9′, 28′ (pen), 77′, Kelechi Iheanacho 90′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Bayer Leverkusen 2 – 2 CSKA Moscow (Admir Mehmedi 9′, Hakan Calhanoglu 15′ / Alan Dzagoev 36′, Roman Eremenko 38′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Legia Warszawa 0 – 6 Borussia Dortmund ( Mario Goetze 7′, Sokratis Papastathopoulos 15′, Marc Bartra 17′, Raphael Guerreiro 51′, Gonzalo Castro 76′, Pierre-Emerick Aubameyang 86′)

14/09/2016
UEFA Champions League, Lyon 3 – 0 Dinamo Zagreb (Corentin Tolisso 13′, Jordan Ferri 49′, Gnaly Maxwell Cornet 57′)

ВИДЕО: Љубовта која ги надмина сите религиозни пречки – мигрантката Нора и македонскиот полицаец Боби

Nora i Bobi – ljubov koja gi nadmina religioznite precki

Боби Додевски е македонски граничен полицаец, а Нора Арканази е бегалка од Ирак.Се запознале на граничниот премин Табановце. Бегалската криза во овој случај имаше среќен крај.

Нора ја сменила и религијата во име на љубовта, иако нејзините родители и рекле и останале на тоа дека ќе ја отфрлат.

(Видео) Како Вардар го “прегази“ Веспрем

Победата против Веспрем беше најубедливата партија за црвено-црните во новата сезона на сеха-лигата. Меч во кој функционираа сите линии во играта на црвено-црните, не дозволувајќи му на Веспрем да се изнаигра многу. Противникот имаше само едно и единствено водство во почетните минути. Се другото беше во доминација на нашиот ракометен шампион, кој ја покажа својата сила и навести како ќе изгледа тимот оваа сезона. Карачиќ беш наш најдобар стрелец со 8 голови, додека на голот го имавме одличниот Милиќ кој натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Погледнете ги најубавите моменти од овој натпревар:

HC Vardar – HC Telekom Veszprem | Match highlights

Преземено од: http://vardarfans.mk

ВИДЕО: 13 годишни близначки случајно го снимија земјотресот во Скопје

Две 13 годишни сестри близначки на Јутјуб објавија видео од вчерашниот земјотрес во Скопје во 15:10 часот кој го фатиле случајно додека снимале видео за нивниот Јутјуб канал каде редовно објавуваат нивни содржини.

Зоран Заев За Празникот Курбан Бајрам Во Општина Шуто Оризари

“Појдов денеска во Шуто Оризари, да им го честитам Курбан Бајрам на моите сограѓани кои го празнуваат. Седнав на баклава во едно од семејствата чии врати се отворени за топол збор и искрен муабет. Се согласуваме, суштината на празниците е тоа, да бидеме заедно, сплотени, да се почитуваме.”

Zoran Zaev Vo Shuto Orizari Za Bajram

Premier League 2016, Week 4, Highlights

Sunderland 0:3 Everton (R. Lukaku 60′, 68′, 71′)

Manchester United 1:2 Manchester City (Z. Ibrahimović 42′ / K. de Bruyne 15′, K. Iheanacho 36′)

Stoke City 0:4 Spurs (Son 41′, 56′, D. Alli 59′, H. Kane 70′)

Middlesbrough 1:2 Crystal Palace (R. Ayala 38′ / C. Benteke 16′, W. Zaha 47′)

West Ham 2:4 Watford (M. Antonio 5′, 33′ / O. Ighalo 41′, T. Deeney 45’+2, E. Capoue 53′, J. Holebas 64′)

Arsenal 2:1 Southampton (L. Koscienly 29′, S. Cazorla 90’+4 / P. Cech (og) 18′)

Burnley 1:1 Hull City (S. Defour 73′ / R. Snodgrass 90’+5)

Bournemouth 1:0 West Brom (C. Wilson 80′)

Liverpool 4:1 Leicester City (R. Firmino 13′, 89′, S. Mane 31′, A. Lallana 56′ / J. Vardy 38′)

Swansea City 2:2 Chelsea (G. Sigurdsson (pen.) 59′, L. Fer 62′ / D. Costa 18′, 81′)

Хаос во Делчево: Пенал кој ја докажува можеби корупцијата во мак фудбалот (Видео)

Сведоци сме на еден голем криминал во модерниот фудбал, па поради тоа се уште неможеме да напредуваме како фудбалска земја. Се почести се случките кога поголемите и финансиски помоќните клубови го наметнуваат своето влијание, без разлика дали се работи за Прва македонска фудбалска лига, Втора или Трета.

Парите и политиката го надвладеаја фудбалот во нашата држава. Доколку клубот е во сопствеништво на некој богат газда, кој лесно може да манипулира со арбитарот кој е назначен за овој натпревар, многу лесно можат да стасаат до посакуваните позиции на табелите, додека помалите екипи, во кои играчите играат за минимални финансиски средства, не успеваат да го наметнат своето влијание и покрај што и во нив има доста квалитетни и талентирани млади играчи, од кои што еден ден можеби ќе зависи и самата репрезентација.

Пример за тоа е вчерашниот натпревар од Третата македонска фудбалска лига – Исток, меѓу екипите на Брегалница Делчево и Беласица, кој заврши со победа на гостите со резултат од 3:1, но дали Беласица навистина чесно ги заработи овие три бода.

Богатиот газда на клубот, кој од Струмица допатува да ги следи своите избраници, изгледа дека имаше големо влијание кај главниот судија на натпреварот, Стојанче Стојанов.

Најпрво на самиот старт на натпреварот, еден од гостинските фудбалери остро стартуваше врз еден од напаѓачите на Брегалница, што на крај резултираше само со повреда на делчевскиот фудбалер. Овој прекршок остана нерегулиран како и многу други кој беа предизвикани од страна на гостите.

Како „јагода на шлагот“ беше моментот кога судијата Стојанов си дозволи да пресуди пенал во полза на Беласица, при водство од 0:1 за гостите, иако основа за таква одлука немаше. Кај сите остана дилемата како главниот арбитар го виде пеналот од огромна далечина, а реакција од неговиот помошник, скоро па немаше.

Делегатот на натпреварот Игор Данилов, исто како да не беше присутен на овој натпревар, па реакција за оваа контроверзна ситуација од негова страна немаше.

Кај бројните љубители на фудбалот кои беа собрани на стадионот „Гоце Делчев“ во Делчево, да ја дадат својата подршка за тимот со кој што со години наназад се гордеат, остана дилемата кој и зошто го расипува фудбалот во Македонија, и дали воопшто има некој кој ќе реагира од страна на ФФМ вакви инциденти да не се случуваат, но сепак митото и корупцијата изгледа дека е навлезена длабото и во целата фудбалска федерација на Македонија. Од овде излегува само еден заклучок: „Колку пари, толку фудбал“.

Haos vo Delcevo, nepostoecki penal

Веста е преземена од http://sportclub.mк

„Револуција“ – првата песна од новиот албум на Тајзи

Revolucija – prvata pesna od noviot album na Tajzi

Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.

Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто”
Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски .

Прочитајте повеќе на: http://turlitava.com

(Видео) Перо Антиќ го бива и за фудбал

Новата натпреварувачка сезона само што не започнала, а тимот на Фенербахче каде настапува и поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ на поинаков начин ги одработува последните тренинзи пред предизвиците од домашната сцена, но и од Евролигата.

Перо Антиќ и Јан Весели очигледно беа највозбудени за тренингот одржан на фудбалските комплекси на клубот. Екс-репрезентативецот му нафрли топка на Чехот кој ја смести во мрежата, а потоа го прослави голот.

Pero Antic go biduva i za fudbal

Веста е преземена од ekipa.mk

ВИДЕО: Возачот на Путин загина во страшна сообраќајка

Во страшна сообраќајна несреќа загина возачот на рускиот претседател, Владимир Путин, со 40-годишно искуство.

Веќе се појави и снимка од несреќата, која се случила на Авенијата Кутузовски.

Head on crash kills President Putin’s favourite official driver(VIDEO)

Сообраќајката ја предизвикал Мерцедес кој изгубил контрола и влетал во BMW-то на Путин.

Од силниот удар автомобилот се преполовил а возачот загинал на самото место.

Веста е преземена од libertas.mk